Сигурно можете да замислите какво е чувството да се биде славен. Сите, секаде би ве препознавале. Вие не би можеле дури ни влезната врата да си ја отворите без притоа некој да не ве осветли со блиц. Но, благодарение на оваа одлична марама, на папараците ќе им биде малку потешко да направат добра слика од славните ѕвезди.rnrn
rnrnМарамата, позната како „Ишу“, е направена од материјал кој ја одбива светлината и ја заслепува камерата од својот блиц до тој степен што сè на фотографијата излегува црно. Саиф Сидики, креаторот на овој модел, за прв пат се сетил на идејата во 2009-та година. 6 години подоцна, со многу истражувања зад себе, тој има модел кој е подготвен за масовна продукција.rnrnНајевтиниот модел чини околу 268 долари, што е мала цена за плаќање… Доколку сте славна ѕвезда! Погледнете како изгледа оваа марама, која досега најмногу ѝ се допаѓа на Париз Хилтон.rnrn
rnrnОвој материјал може да си поигра и со видео снимките!rnrn
Брилијантно дизајнирана марама служи како одлична одбрана од фотоапаратите на папараците
