Еве зошто родителите се поизморени одошто мислите
Луѓето знаат дека со доаѓањето на нов живот доаѓа и заморот. Сепак, многумина често ги прашуваат новите родители дали нивното бебе спие навечер, како тоа да е некое магично решение за тие да се чувствуваат потполно функционални. Секој родител знае дека тоа не е така. Откако ќе настапи промената со доаѓањето на новиот член во семејството, родителите никогаш повеќе не можат да се чувствуваат како целосно функционални човечки суштества, или пак, едноставно ја менуваат дефиницијата за тоа што значи потполна функционалност. Во секој случај, не значи ништо поврзано со одмореност. Еве зошто е тоа така.
1. Никогаш повеќе не спијат навечер
Спиењето навечер на почетокот значи спиење во интервали подолги од 2-3 часа. Но, и откога бебето ќе ја помине првата фаза, тоа не значи олеснување на работите за родителите. Тие потоа почнуваат да се будат во паника бидејќи нивното дете не ги разбудило и одат да го проверат. Потоа, не можат да спијат или од сиот тој насобран адреналин или затоа што сега пак нивното дете е будно. Како што расте детето, тие почнуваат да слушаат фантомски бебешки плач кој постои само во нивните глави.
Таман ќе прифатат дека нивното дете всушност спие во текот на ноќта, тоа ќе почне да доаѓа среде ноќ во нивниот кревет, будејќи ги со разни барања или мочкајќи во нивниот кревет.
И велат дека никогаш не станува подобро. Ќе дојдат тинејџерските и факултетските денови кога родителите ќе се прашуваат дали нивното дете се искрало во ноќта, дали некој му ставил дрога во пијалакот или пак се опијанило и не е во состојба да си дојде дома. Додека детето порасне до степен да има своја работа и да го живее својот зрел живот, родителите веќе се стари, со нарушено спиење, што го прави невозможно одморањето за време на ноќта. Толку. Крај.
2. Немаат слободно време за ништо
Работите кои не можете да ги завршите како родител драстично се менуваат и некој кој не е во таква ситуација не би ни можел да разбере зошто е тоа така. Зборуваме за едноставните работи како јавување на некој пријател, одговарање на порака, па дури и отворање на пораката за да ја прочитате. Единственото светилиште за родителите е вецето и неговото најсвето место – веце шолјата. Тоа е момент во кој тие можат на раат да проскролаат низ Фејсбук или Инстаграм и да прочитаат нешто набрзина. Секако, ова важи доколку вашето дете и во тој момент не одлучи да ви упадне во светата зона и да ви го наруши мирот.
3. Немаат слободни денови
Луѓето денес се генерално многу зафатени и постојано изморени. Сепак, некогаш можат да се најават дека се болни и да не дојдат на работа, да земат одмор или макар да изгледаат некој филм и да се видат со пријателите за време на викендите. Но, како родител немате денови за одмор. Не можете да земете денови за опоравување од болест бидејќи едноставно не можете да се разболите. Храната и понатаму треба да биде на масата, алиштата испрани, а децата сакани. Родителите се секогаш на работ да се разболат, бидејќи никогаш и немаат шанса целосно да закрепнат.
Продолжете со читање на наредната страница.