Можеби мислите дека вежбањето пред спиење го уништува вашиот сон, но науката докажува дека тие вежби се подеднакво здрави и ефикасни како и утринските. Обидете се да вежбате пред спиење и ќе забележите дека нема да се вртите додека спиете. Многу луѓе немаат време да вежбаат наутро, па прочитајте кои се придобивките од вежбањето навечер.rn
Можете да правите потешки вежби
rn
rnrnАко некогаш сте почувствувале ненадеен излив на енергија доцна попладне, има причина за тоа. Температурата на вашето тело се зголемува помеѓу 14 и 18 часот и поради тоа можете да вложите повеќе напор во тренинзите.rnrnДополнително, ако трчате, размислете да излезете да трчате навечер. Едно истражување покажа дека трчањето во темница ве тера да трчате побрзо затоа што ништо не ви го одвлекува вниманието.rn
Ќе спиете подобро
rn
rnrnСпротивно на популарното верување, вежбањето пред спиење всушност го подобрува квалитетот на вашиот сон бидејќи е полесно е да влезете во длабок сон. Покрај тоа, нема докази дека вежбањето негативно влијае на квалитетот на спиењето. Сепак, подобро е да не правите HIIT тренинзи, бидејќи тие може да влијаат на вашето спиење.rn
Вашите мускули може да се формираат побрзо
rn
rnrnОдносот на тестостерон и кортизол навечер има најдобро влијание на растот на мускулите. Иако е повисок наутро, ефектот на градење мускули функционира во целост кога заоѓа сонцето. Подобро е да се фокусирате на трчање на долги патеки или на подолги, но полесни вежби за да го искористите максимумот.rn
Може да се ослободите од акумулираниот стрес
rn
rnrnПонекогаш е тешко да заспиете поради сите емоции и мисли што ги имате. Во овој случај, истегнувањето пред спиење или јогата се најдобри опции. Вежбањето јога пред спиење ги намалува стресот и вознемиреноста, го забавува умот и ви помага да дишете подлабоко. Така внесувате повеќе кислород во вашето тело, а тоа прави да се чувствувате порелаксирано.rnrnПогледнете ги овие вежби со стол што треба да ги пробате ако сте почетници.