КАФЕ ПАУЗА

Малиот принц – фотосесија на соништата

Малиот принц - фотосесија на соништата

Written by

in

Секогаш кога ќе помислите дека не сте доволно храбри или силни за да ги остварите сопствените соништа, само погледнете ги овие фотографии и сигурно нема да си дозволите да се откажете. „Малиот принц“ е фотосесија која ќе ви го стопли срцето и истовремено ќе ве потсети на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат луѓето ширум светот.Малиот принц - фотосесија на соништатаНа сликите е прикажан малиот Лукас кој има 12 години и страда од мускулна дистрофија. Суровата болест не му дозволува да биде активен како сите други момчиња на негова возраст и за жал го лишува од едноставните, но убави искуства и спомени. Токму поради тоа, словенскиот психолог и фотограф Матеј Пељхан се решил барем за кратко да ги оствари соништата на малиот Лукас, и тоа на многу креативен начин.Малиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништатаБлагодарение на имагинацијата, Лукас може да нурка, да вози скејтборд, да игра кошарка и барем за кратко да биде обично 12-годишно момче. Матеј веќе подолго време е посветен на работа со деца со посебни потреби, а особено е добар во својата работа благодарение на сопственото животно искуство. Всушност самиот ја изгубил раката и едното око во несреќа кога бил дете и токму поради тешката рехабилитација може полесно да се поврзе со децата кои поминуваат низ истото.Малиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништатаМалиот принц - фотосесија на соништата
rnrn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.