Најмоќниот природен антибиотик што ја убива секоја инфекција во вашето тело

Најмоќниот природен антибиотик што ја убива секоја инфекција во вашето тело

Што е првото нешто што го правите кога ќе се разболите? Најверојатно повеќето од вас одат на лекар и почнуваат да пијат антибиотици. Во денешно време сите сме посклони на инфекции и болести, но дали некогаш сте се запрашале што правеле луѓето во античките времиња за да се заштитат и да останат здрави? Тие најмногу се потпирале на природните состојки и лековите кои самите си ги подготвувале. За правилно да функционира вашето тело, многу е важно да имате силен имунолошки систем. Токму затоа погледнете го овој рецепт кој ќе ве заштити од бактерии и други инфекции.

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Потребни состојки:
  • 10 грама куркума (органска)
  • 2 свежи благи пиперки
  • 750 милилитри јаболков оцет
  • 2 свежи чили пиперки
  • 10 грама рен (рендан)
  • 45 грама ситно сечкан кромид
  • 10 грама свежо сечкан лук
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во еден сад, освен јаболковиот оцет. Измешајте ги добро а потоа префрлете ја смесата во тегла. Потоа додајте го и јаболковиот оцет и цврсто затворете со капак. Растресете ја теглата, така што состојките добро да се измешаат. Чувајте ја 10 дена на ладно и суво место, а практикувајте да ја растресувате еднаш или два пати на ден, за состојките добро да се измешаат. По 10 дена исцедете ја оваа мешавина. За подобри резултати, добро истискајте ги состојките така што ќе добиете повеќе течност.

Овој лек можете да го чувате во вашиот фрижидер и да го консумирате 3 пати на ден. Тој има дејство на антибиотик и ги убива бактериите присутни во телото. Исто така ја зголемува циркулацијата на крвта и лимфниот проток во телото, а се смета и како одличен лек за лекување кандида. Со тоа што ќе го консумирате овој лек секојдневно, вие ќе ги убиете сите инфекции во вашето тело. Можете да го чувате во период до 6 недели. Вкусот на овој тоник може да биде малку интензивен, па по консумирањето да почувствувате печење во желудникот, а за да го спречите ова, имајте парче лимон до себе. Во продолжение прочитајте и за здравствените придобивки на секоја состојка од овој тоник.

Лук

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Лукот содржи антибактериски и антигабични својства кои помагаат во борбата против многу болести. Тој исто така помага и во производството на нови и добри бактерии во телото, како и отстранување на штетните.

Кромид

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Слично на лукот, кромидот исто така е богат со антигабични својства кои помагаат во борбата против инфекциите. Тој го регулира нивото на шеќер во крвта и ги намалува воспаленијата. Бидејќи дејствува како моќен антибиотик, кромидот го штити телото и помага во производството на добриот холестерол, а со тоа го подобрува и имунитетот.

Јаболков оцет

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Јаболковиот оцет, кој е добро познат по своите својства за губење на телесната тежина, може да се користи и за лекување многу болести. Всушност, тој помага при намалување на холестеролот, го регулира нивото на шеќерот во крвта, а помага и при затнат нос. Јаболковиот оцет исто така го подобрува процесот на варење, го спречува лошиот здив и помага при белеење на забите. Тој е корисен во лекување разни состојби, како што е висок крвен притисок, хроничен замор, болки во очите и слично.

Куркума

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Куркумата е најверојатно еден од најздравите зачини на планетата која има големи здравствени придобивки. Редовното консумирање на куркумата помага при чистење на телото и намалување на воспаленијата. Го намалува ризикот од рак и го подобрува здравјето на срцето и мозокот. Исто така се смета дека куркумата помага во борбата против депресијата.

Рен

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Ренот е многу моќна состојка за лекување на синусите и повеќе болести на белите дробови. Ренот е одличен антибиотик кој помага при настинка и грип.

Чили пиперка

Најмоќниот природен антибиотик кој ја убива секоја инфекција во вашето тело

Чили пиперката е состојка која може да биде корисна за решавање многу здравствени проблеми. Таа е многу добра за одржување на здравјето на кардиоваскуларниот систем, го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и се бори против воспалението. Таа исто така го зголемува имунитетот на телото и помага при губење на тежината. Па, време е да им кажете збогум на инфекциите и воспаленијата.

Во продолжение погледнете ги и овие неколку производи што не би требало да ги комбинирате при исхраната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар