Најчесто енергетските пијалаци се рекламираат како одлично решение за моментите кога сте без енергија, па не е ни чудно што младите ги консумираат навистина често. Но, ова е лоша навика.rnrn
rnrnГерманското здружение на педијатари истакнало дека енергетските пијалаци нема да им ја зголемат продуктивноста на луѓето. Напротив, менталните и физичките способности се влошени по консумирањето на овие пијалаци.rnrnЕнергетските пијалаци се безалкохолен пијалак кој е рекламиран како средство за зголемување на нивото на енергија. Според некои истражувања, овие пијалаци на краток период можат да ги подобрат менталните и когнитивните способности, будноста и физичката издржливост, но важно е да се cпомене дека оваа енергија не е од согорување калории, туку од стимулансите и витамините во пијалакот.rnrnЗа да се подобрат менталните и физичките способности на една личност, потребно е да се прошират артериите за да стигне повеќе крв до мозокот, срцето и мускулите. Енергетските пијалаци го прават спротивното – ги стеснуваат артериите.rnrnВо САД една од најчестите причини поради која тинејџерите завршуваат во брза помош се несаканите ефекти од енергетските пијалаци. Откако ќе го испие пијалакот, личноста може да се чувствува поведро и посилно, но кога ќе помине ефектот, заморот, несоницата и апатијата се уште поизразени.rnrnИсто така енергетските пијалаци го стимулираат организмот да лачи повеќе хормони кои го регулираат нивото на стрес, па како резултат се зголемува крвниот притисок и бројот на удари на срцето.rnrnПокрај краткотрајните ефекти, долгорочната консумација на енергетските пијалаци го зголемува ризикот од дебелина и дијабетес поради високото количество на шеќер. Поради ова младите би требало да ги избегнуваат енергетските пијалаци и никогаш да не пијат повеќе од една лименка дневно.rnrnТинејџерите кои се соочени и со најмали проблеми во растот и имаат проблеми со циркулацијата треба да бидат особено внимателни со овие пијалаци.rnrnПогледнете и зошто никогаш не треба да мешате алкохол со енергетски пијалаци.
Енергетските пијалаци не ја зголемуваат продуктивноста
