Подарете ѝ книга за 8-ми март и исполнете ѝ ја душата со среќа

Подарете ѝ книга за 8-ми март и исполнете ѝ ја душата со среќа

Многумина веруваат дека книгата е најдобриот пријател на човекот, па според тоа, таа е и идеален подарок. Бидејќи се приближува 8-ми март, Денот на жената, погледнете ги овие неколку наслови што припадничките на понежниот пол сигурно би сакале да ги добијат како подарок за 8-ми март.

„Девојчето на гребенот“ (The Girl on the Cliff) – Лусинда Рајли

(1) Подарете ѝ книга за 8-ми март и исполнете ѝ ја душата со среќа

Погодена од неодамнешна загуба, Рајан се враќа во Ирска, кај семејството што го сака. Токму таму, на работ на гребенот, прв пат го сретнува девојчето Аурора, која целосно ќе ѝ го промени животот. Аурора мистериозно ја привлекува Рајан, која открива дека историјата на нивното семејство е необично и длабоко испреплетена…

„Јас пред тебе“ (Me Before You) – Џоџо Мојес

(2) Подарете ѝ книга за 8-ми март и исполнете ѝ ја душата со среќа

Овој роман е повеќе од љубовна приказна – тој е упатство за како да го преживеете животот. Лу Кларк знае многу работи. Знае да го сака она со што се занимава, но не е сигурна дали го сака своето момче Патрик. Вил Трејнор знае дека сообраќајната несреќа со моторот му ја одзела желбата за живот. Но, ниту едниот ниту другиот не знаат дека ништо повеќе нема да биде исто.

„Последниот бегалец“ (The Last Runaway) – Трејси Шевалие

Интересни книги кои може да бидат одличен подарок за дамите

Кога повлечената Онор Брајт, заедно со нејзината сестра, испловила од Бристол, таа бегала од уништена љубов во нов живот далеку од дома, во Америка. Трагедија на патот ја оставила сама и незаштитена, растргната помеѓу два света и зависна од добрината на непознатите. Овој роман е впечатливо патување кое изобилува со бои и драматични случувања.

„Куќата на радоста“ (The House Of Mirth) – Едит Вортон

Интересни книги кои може да бидат одличен подарок за дамите

Ова е приказна за Лили Барт, убава и образована дама од високите кругови на Њујорк, која е одгледана да биде сопруга на богат човек. Иако сѐ потешко се справува со материјалните проблеми, таа не сака од својот иден брак да направи бизнис зделка. Така, решена е да се спротивстави на очекувањата и сама да го одбере својот сопруг, водена од своите чувства.

„Љубов“ (Love) – Тони Морисон

Интересни книги кои може да бидат одличен подарок за дамите

Во романот „Љубов“, Морисон го прикажува животот на раскош и каприц од триесеттите години на минатиот век, во монденско летувалиште на источниот брег на Америка. Луксузниот хотел во кој се одвива дејството во романот бил еден од центрите во кој се создавала џез музика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар