Животот на денешните мајки воопшто не е лесен. Тие мора да се грижат за децата и домот, а истовремено од нив се очекува и да заработуваат, да бидат секогаш расположени и да изгледаат прекрасно. Тешко е да се исполнат сите овие очекувања и поради тоа жените честопати се чувствуваат беспомошно. Следново искрено писмо ќе им овозможи утеха на сите несовршени мајки со хаотичен живот и ќе им даде до знаење дека не се сами…rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnИм се обраќам на мајките кои моментално пазарат во супермаркет со преполна корпа и дете кое безмилосно вреска додека сите луѓе зјапаат во нив. Сѐ ќе биде во ред!rnrnИм се обраќам на мајките кои го читаат писмово моментално додека држат бебе во рацете, а другото 3-годишно дете прави хаос по дома. Знам дека се грижите да не ве отпуштат од работа ако го продолжите породилното отсуство. Сѐ ќе биде во ред!rnrnИм се обраќам на мајките кои седнале надвор во дворот за да земат здив и да се опуштат со една цигара која никако да им ги смири нервите, додека детето трча и се валка во кал, а вие штотуку сте го избањале. Сѐ ќе биде во ред!rnrnИмам да ви откријам една тајна: Сите мајки поминуваат низ истото.rnrnНе ми е гајле што сте чуле или виделе. Вие не сте сами! Знам дека ги гледате на Фејсбук сите тие совршени мајки кои прават совршени работи со нивните совршени деца и ви доаѓа да заплачете. Но, не треба да заборавате дека тие ги објавуваат само забавните моменти. Средените мајки кои изгледаат како да се симнале од модна писта и имаат деца кои позираат како професионални фотомодели поминуваат низ истите маки како и вие. И тие менуваат пелени, само што не го објавуваат тоа на Инстаграм. Знам дека вие давате сѐ од себе!rnrnИм се обраќам на мајките со солзи во очите кои не знаат дали можат да продолжат понатаму по целиот овој напор. Сѐ ќе биде во ред!rnrnИм се обраќам на мајките кои не си ги смениле пижамите веќе цела недела. И на мајките кои погледнале во часовникот и виделе дека е 20 часот, а нивните деца сѐ уште не ја напишале домашната и згора на сѐ се лутат затоа што за вечера мора да јадат остатоци од ручекот кој не им се допаднал баш. Како и на мајките кои се кријат во тоалетот, очајно обидувајќи се да украдат две минути одмор без да им виси дете на ногата.rnrnЗнам дека се чувствувате осамено. Знам дека чувствувате како целиот свет да го носите на рамена. Знам дека ви е тешко да заспиете, а кога ќе се разбудите и ќе воочите дека е нов ден, ви се плаче од самата помисла на сите обврски што ве чекаат. Сѐ ќе биде во ред!rnrnМожеби не ми верувате и тоа е сосема во ред. Само треба да знаете дека не сте сами.rnrnПродолжете да го правите она што го правите и знајте дека еден ден во иднина, кога вашите деца ќе бидат пораснати, ќе сфатат колку труд вложувала мајка им за да бидат среќни. Ќе знаат низ колку многу љубов, болка и стрес сте поминале за да им овозможите најдобар можен живот.rnrnИ знаете што? Сѐ ќе биде во ред!rnrn[/message_box]
Искрено писмо до сите несовршени мајки со хаотичен живот
