6 едноставни начини да се почувствувате поатрактивно во својата кожа

Сподели

Здравата исхрана и редовната посета на теретаната може позитивно да влијае на физичкиот изглед, меѓутоа понекогаш ни е потребна дополнителна инспирација и повисока самодоверба за да се почувствуваме атрактивни. Со помош на следниве неколку трикови ќе успеете да го постигнете токму тоа – вие ќе бидете посигурни во себе и ќе зрачите со самодоверба и убавина!

Реклама

rn

1. Смејте се повеќе

rnНе постои маж, ниту пак жена чија омилена особина кај својот партнер не е насмевката. Навиката почесто да се смеете ќе ве направи подостапни за другите, повесели и поатрактивни, додека истовремено и ќе ви го подобри расположението.rn

2. Носете црвено

rnЦрвената боја е одамна прогласена за најатрактивната во светот, која особено го привлекува вниманието на мажите. Еден од главните аргументи е дека жените во неа изгледаат многу поженствено и посензуално.rn

3. Насмејте ги другите

rnХуморот, покрај лојалноста и искреноста, е важна врлина која и жените и мажите ја бараат кај своите партнери. Немојте да очекувате само од партнерот да ве смее – бидете пошеговити и веднаш ќе почувствувате зголемување на самодовербата.rn

4. Пронајдете впечатлив парфем

rnОдберете го својот омилен парфем и направете го свој заштитен знак. Освен тоа што постојано ќе добивате комплименти, вие исто така и ќе се чувствувате поатрактивно и посамоуверено знаејќи дека привлекувате позитивно влијание.rn

5. Обрнете му внимание на партнерот

rnПоврзете се дополнително со партнерот и покажете му дека ви е грижа за тоа што тој има да го каже. Секогаш слушајте со внимание и обрнете им внимание дури и на најмалите детали. А потоа, возвратете ја љубовта со слатко изненадување.rn

6. Носете штикли

rnВисоките потпетици прават чуда за женската самодоверба. Па ако сакате инстантно да се почувствувате поатрактивни, одберете ги највисоките штикли што ги имате!

Погледнете ги и овие 7 знаци дека сте атрактивна личност, дури и ако не го мислите тоа.

Популарно

Може ќе ве интересира