10 знаци дека вашето момче престанало да се грижи за вас

10 знаци дека вашето момче престанало да се грижи за вас

Жално е што некои парови остануваат заедно не затоа што постои љубов и страст помеѓу нив, туку затоа што сметаат дека e полесно да останат заедно, отколку да се разделуваат. Но, тоа не е воопшто здраво ни за едниот, ниту пак за другиот. Во продолжение следуваат неколку знаци кои покажуваат дека на вашата врска одамна ѝ дошол крајот, па во моментов таа е само формална.

10 знаци дека вашето момче престанало да се грижи за вас

1. Никогаш не се карате

Може да ви изгледа добро тоа што вие и вашиот партнер никогаш не се карате, но тоа на некој начин покажува дека вие едноставно не се грижите еден за друг, ниту пак за тоа што ви се случува. Кога ќе исчезне страста од врската, тоа значи дека добрите работи кои би требало да ве поттикнуваат да преминете низ лошите, повеќе не постојат, па затоа и врската не води никаде.

2. Тој секогаш го користи неговиот телефон

Додека е со вас, тој секогаш зборува на телефон или е присутен на социјалните мрежи, па во меѓувреме, додека го чекате да се ослободи, вие треба да си наоѓате занимација самите со себе, а тој можеби ѝ пишува на некоја нова девојка…

3. Постојано го гледате во секојдневна облека

Доколку тој веќе не се труди да изгледа добро и чисто за вас, тогаш јасно е дека се откажал од врската. Кога мажите се грижат за жената, тие се трудат да изгледаат добро и да ја импресионираат. Тоа не значи дека секогаш треба да бидат облечени во најновите и најмодерните парчиња облека, но чистата и уредна облека која им прилега добро, кажува многу.

4. Вие сте иницијаторот за сѐ

Дали некогаш сте почувствувале дека вашата врска ќе прекине доколку вие престанете да пишувате први или да иницирате состанок? Доколку е така, тоа значи дека другата страна или не е заинтересирана или не ѝ прилега ситуацијата. Застанете одреден период и оставете другата личност да ви покаже што е она што го сака.

5. Партнерот изгледа нетрпелив

Повеќето мажи и жени се различни, а доколку сте во врска со некој кој е многу поразличен од вас, тогаш тоа бара трпение. На пример, на некои девојки доволни им се 20 минути наутро за да се подготват, додека пак на други им е потребен речиси цел час, при што мажите повеќе треба да чекаат. Кога се добри односите во врската, ова е сосема нормално. Но, кога ќе се влошат работите, тоа станува покомплицирано. Доколку вашиот партнер почне да ви вика и да ви дава забелешки дури и за најмали работи, тогаш тоа не е добар знак. Никој не треба да се однесува лошо кон некого што го сака.

10 знаци дека вашето момче престанало да се грижи за вас

6. Секогаш плаќате вие

Некои момци се нудат да ги платат сметките со цел да ги импресионираат девојките. Но, доколку во повеќето случаи момчето не се ни обидува да плати, тогаш тоа значи дека тој воопшто не се грижи вас.

7. Тој е таинствен

Мажите по природа не споделуваат многу информации на начинот на кој тоа го прават жените, па доколку се таинствени тоа автоматски не значи дека не се заинтересирани за вас. Но, доколку порано споделувале одредени информации, па одеднаш престанале да зборуваат за тоа, тогаш тоа е само уште еден знак дека не вложуваат доволно во вашата врска, па автоматски ќе ви одговараат со еден до два збора.

8. Неговите пријатели изгледаат чудно

Кога момчето ќе почне да им зборува на своите пријатели дека планира да раскине со девојката, тие ќе престанат да бидат толку љубезни кон неа и ќе се однесуваат почудно од вообичаено.

9. Помалку спиете заедно

Можеби сексот нема да се намали, но гушкањата и милувањата ќе прекинат. Тешко е да бидете блиски со некој со кој не сте поврзани.

10. Тој никогаш не е љубоморен

Љубомората не е иста кај секого. Некои личности ретко стануваат љубоморни, додека пак некои се постојано (што не е во ред). Важно е да забележите како се однесува партнерот. Дали на почетокот тој беше малку љубоморен на момчињата со кои се дружевте? Ако одеднаш тоа веќе не му пречи, тогаш тоа е знак дека работите помеѓу вас не се во најдобар ред.

10 знаци дека вашето момче престанало да се грижи за вас


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар