Можете ли да си замислите да гледате филм во кино без да јадете пуканки? Луѓето генерално веруваат дека пуканките се најпопуларната храна во сите кина во светот. Меѓутоа, различни земји имаат различни сфаќања околу тоа која храна оди најдобро со гледањето филмови. Луѓето од некои земји претпочитаат малку понеобична закуска од секојдневните пуканки. Во продолжение прочитајте што јадат љубителите на киното ширум светот наместо пуканки…rn
Грција
rn
rnrnЛуѓето во Грција толку многу го обожаваат нивното традиционално суфлаки што тоа може да се најде насекаде, дури и во некои кина на отворено.rn
Израел
rn
rnrnВо Израел, луѓето кои одат во кино најмногу сакаат да јадат вкусни и хранливи топчиња направени од измелени леблебии. Оваа закуска најчесто се служи во пита лепче кое служи како „торбичка“ за топчињата од леблебија.rn
Мексико
rn
rnrnВо мексиканските кина и стадиони најчесто се продаваат тостилокос. Оваа улична храна содржи тортиља чипс потопен во лут сос, краставица, хикама, лимонов сок, грав и кикирики.rn
Финска
rn
rnrnКината во Финска нудат голем избор на овошни желе бонбони слични на гумените мечиња.rn
Кина
rn
rnrnВо Кина, луѓето кои обожаваат да одат во кино јадат суви посолени сливи, кои се исто така популарни и во Мексико, семки од сончоглед и суви лигњи.rn
Холандија
rn
rnrnЧоколадите полнети со крем се многу познати во Холандија и се продаваат во поголемиот дел од кината. Најпопуларни се оние со солен крем. Меѓутоа, ова чоколадо има многу необичен вкус на кој веројатно ќе треба да свикнете пред да ви се допадне.rnrnПродолжете на следната страница за да ја видите останатата храна што ја јадат луѓето во кината ширум светот…rnrn
