Што јадат луѓето во кината ширум светот наместо пуканки?

Сподели

rn

Реклама

Јужна Кореја

rnВо Јужна Кореја, љубителите на киното јадат печени костени додека гледаат филмови. Исто како и во многу други азиски земји, и тука една од најпопуларните закуски е сувата лигња.rn

Колумбија

rnПечените мравки, познати како „hormiga culona“ можеби не би биле вашиот прв избор како замена за секојдневните пуканки. Меѓутоа, оваа необична закуска е неминовен дел од гледањето филмови во Колумбија. Мравките имаат уникатен вкус кој многумина го споредуваат со оној на сланината.rn

Индија

rnВо индиските кина не само што ќе најдете боливудски ремек-дела, туку и традиционална улична храна. Доколку имате можност, задолжително пробајте ги индиските пирошки во форма на извртени полнети триаголници познати како „samosas“ и сендвичите со компири, односно „vada pav“.rn

Тајван

rnШто мислите за пуканки со вкус на пилешко? Јадењето познато како „пилешки пуканки“ е многу популарно во Тајван. Можете да го најдете во ресторани, на улица и во кината. Оваа закуска е толку вкусна што нема да можете да престанете да ја јадете.rn

Јапонија

rnТешко е да се замисли животот во Јапонија без морска храна. Токму затоа, не е никакво изненадување тоа што јапонските кина им нудат на нивните посетители јадење направено од суви сардини, познато како „Iriko“.rn

Барбадос

rnРибините топчиња се голем хит во Барбадос и во другите земји од Карибите. Тие се прават од посолена риба, брашно, прашок за печиво и билки. Ова јадење можете да го најдете во кината на отворено.

Доколку се сметате за љубители на одењето во кино, во продолжение погледнете ги најубавите кина ширум светот.

Најново

Може ќе ве интересира