КАФЕ ПАУЗА

5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

Многу долго чекавте да го доживеете тоа чувство на блаженство што е типично за вљубените луѓе, но што се случува кога другата личност нема да ви ја возврати љубовта? Секогаш кога ќе си помислите: „Ова го чекав! Ова е личноста за која сонував!“, за веднаш потоа да се соочите со скршено срце и разочараност. Можеби не го сфаќате тоа, но имате тенденција да се заљубите во некој кој не може да ви возврати со истите чувства. Во продолжение прочитајте зошто се вљубувате во погрешните луѓе.rnrn5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовтаrn

1. Не се почитувате и сакате себеси

rnКако што вели старата поговорка, никој не може да те сака ако не се сакаш себеси па така наместо самите да се лекувате себеси и сопствените рани, барате други да го направат тоа за вас. Ако не се сакате и прифатите целосно такви какви што сте, никој нема да може да ви ја пружи љубовта по која трагате цел живот.rn

2. Сакате да се вљубите, но не сакате да ѝ се посветите на врската

rnЗа вас заљубувањето е како опојна дрога од која не можете да се заситите, нели? Сакате да се вљубите, но не сакате да се ограничите така што ќе се посветите на врската. Жедни сте за возбуда, но не ја сакате зрелоста што е дел од една сериозна и здрава врска. За вас возбудата почнува да бледнее кога нештата стануваат посериозни и не сте сигурни дека би можеле да бидете со една личност до крајот на животот.rn

3. Не сакате да се збогувате со минатото

rnСе плашите од љубовта затоа што сте имале лошо искуство во минатото и сè уште ги немате пребродено болката и траумата. Таквото искуство засекогаш ви го сменил начинот на кој гледате на љубовта и иако се убедувате себеси дека сте продолжиле понатаму, вистината е дека воопшто не е така. Секогаш кога чувствувате дека не заслужувате љубов, тоа е затоа што вашето минато ве прогонува. Болните работи што сте ги доживеале ве спречуваат да се заљубите во некого и да бидете во здрава врска.rn

4. Се плашите од интимност и ранливост

rnСе вљубувате во луѓе кои никогаш нема да ве сакаат затоа што се плашите да бидете ранливи и емоционално интимни со другите. Мислите дека сте подготвени да бидете во сериозна, посветена врска, но во моментот кога ќе станат сериозни работите вие почнувате да се повлекувате, без да бидете свесни за тоа. Сакате да го отворите своето срце и да љубите бескрајно, но стравот дека ќе бидете повредени ве спречува во тоа.rn

5. Можеби и не е љубов тоа што го чувствувате

rnКога мислите дека се заљубувате во некого, можеби сето тоа е само во вашата глава, а всушност не е љубов. Можеби ви се допаѓа како личност или ви се допаѓа што сè таа прави за вие да се чувствувате среќно. Но, откако ќе се анализирате себеси најверојатно ќе сфатите и дека не ја сакате таа личност со оглед на тоа дека не се гледате себеси како го поминувате животот со неа. Ви се допаѓа чувството кога некој е секогаш тука за вас и ве разбира, но ви е тешко да го направите истото. Треба да сфатите дека вистинската љубов не е минлива и кога сакате некого го прифаќате онаков каков што е, вклучувајќи ги сите мани и недостатоци.rnrnОткако ги прочитавте причините поради кои се заљубуваме во погрешните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи треба да се случат за да се заљубат две личности.rnrnИзвор: themindsjournal.com