КАФЕ ПАУЗА

5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите

Сакате да читате книги? Имате круг на пријатели кои исто така уживаат во книжевните дела? Еве една интересна идеја, зошто да не формирате книжевен клуб? Соберете ги сите ваши пријатели за кои знаете дека ќе бидат заинтересирани и закажете состаноци еднаш или два пати во месецот. Во меѓувреме секој од вас ќе треба да ја прочита книгата која заедно сте ја одбрале или пак некој ја предложил. Нели е тоа одлично?rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrnОва се само дел од причините зошто е паметно да основате ваков клуб со пријателите.rnrn

За да читате повеќе

rnСигурно имате список со книги за кои сте прочитале или сте чуле добри препораки, но никако не можете да најдете време да седнете и конечно да ги прочитате. Всушност секогаш имаме макар малку слободно време само што неретко ќе одбереме да го поминеме правејќи други активности. Основањето книжевен клуб е одлична мотивација да се дружите повеќе со книгата отколку со телевизорот или интернетот.rn

Да откривате нови книги

rnСекогаш ќе бидете во тек со настаните и ќе знаете што е ново на книжевниот пазар. Ќе бидете информирани и со сигурност ќе откривате нови работи кои ви се допаѓаат, нови книги кои ќе ви го одземат здивот. Често и некој друг ќе одбере книга која ќе треба да ја прочитате, што ќе ве направи отворени за нови, поинакви авантури.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrn

За да го зацврстите вашето пријателство

rnСо брзото темпо на живот често се случува да немаме време за кафе со пријателите. Со основањето на ваков клуб ќе мора да бидете присутни на одредено место во одредено време. За да ви успее овој клуб најважно е да бидете флексибилни. Кога некој од членовите не е во можност да присуствува (да речеме дека е надвор од градот), искористете ги погодностите на интернетот и комуницирајте онлајн.rnrnТоа што во изминатата недела или две сите сте прочитале една иста книга и сега имате можност да дискутирате за неа, да поделите мислења, критики и импресии, навистина ќе го „зачини“ кафе муабетот. Секогаш ќе имате нова, интересна тема на разговор и ќе видите како времето просто ќе „лета“.rn

За да го збогатите својот речник

rnДали воопшто би требало да дискутираме? Сте чуле за тоа дека оној кој чита живее илјадници животи додека пак оној кој не чита живее само еден? Секоја прочитана книга е ново искуство во животот, рамно на патување до некоја далечна дестинација во светот. Искусувате нешто ново, се внесувате во сосем незнаен свет за вас, и најважно од сè, си го збогатувате сопствениот речник. Плус, во какви било социјални збиднувања совршено ќе можете да се вклопите дискутирајќи за најновата книга што сте ја прочитале.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателитеrnrn

Бидејќи книгите ве опуштаат

rnЗамислете, се враќате од работа/училиште и вашиот стрес не прекинува тука. Можеби ќе слушате вести или ќе застанете пред компјутер. Сте помислиле ли дали тоа е вистинскиот начин да се одморите и опуштите? Секако дека не. Но кога ќе се сместите удобно во креветот со книга во рака, веќе зборуваме за опуштање и заслужен одмор.rnrn5 мудри причини да основате книжевен клуб со пријателите
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.