Поучна приказна: Подарок од ќерка за татко

Сподели

Пред многу години постоел еден човек кој ја казнил неговата ќерка затоа што таа потрошила една ролна златна хартија за завиткување. Тие немале многу пари и човекот многу се налутил кога девојчето завиткало една кутија и ја ставило под елката.

Реклама

Сепак, наредното утро малото девојче ја зело кутијата и ја подарило на татко си. Таткото за миг се засрамил од неговата претходна реакција, но неговиот гнев повторно се разгорел кога дознал дека кутијата е празна. Тој веднаш почнал да ѝ вика: „Зар не знаеш дека кога некому даваш подарок треба да има нешто внатре?“ Девојчето погледнало во него и со солзи во очите изговорило: „Ох, тато, тоа не е празна кутија. Јас ставив бакнежи во неа. Тие се за тебе, тато.“

Таткото бил целосно уништен од оваа ситуација, при што ја прегрнал неговата ќерка и ја замолил да ѝ прости. Брзо потоа девојчето загинало во несреќа. Оттогаш нејзиниот татко ја чувал својата златна кутија до својот кревет и секогаш кога ќе се почувствувал обесхрабрено, тој ја отворал и земал од замислените бакнежи на неговата ќерка, па се присетувал на љубовта која била оставена таму.

Поука: Секој од вас, како човечко суштество, има добиено златна кутија полна со безусловна љубов од вашите деца, членови на семејството, пријателите и Господ. Ништо на светот не може да биде поскапоцено од ова!

Популарно

Може ќе ве интересира