Начинот на кој ги држите рацете ќе ви открие нешто интересно за вашиот карактер

Сподели

Нобеловецот Роџер Волкот Спери е заслужен за истражувањето што покажало дека однесувањето на поединците може да зависи од тоа кој дел од мозокот им е поактивен – левата или десната хемисфера. Проверете на кој начин ги држите рацете така што инстинктивно ќе ги испреплетете и потоа забележете како ги наместивте палците.

Реклама

rn

1. Левиот палец е горе

rnВие сте практични и ретко се одлучувате на брзина. Пред да дојдете до некаков заклучок, внимателно ги разгледувате сите предности и недостатоци на планот. Исто така, многу е тешко некој да ве измами бидејќи имате добра интуиција и секогаш знаете кога некој ве лаже.

Реклама

Токму затоа и многу ги цените вистинските пријатели и семејството, а сите тие често доаѓаат кај вас за совет. Но, тоа не значи и дека сте постојано сериозни. Баш напротив, вашата специфична смисла за хумор ве прави привлечни за дружба. Вие исто така сте и романтичари и знаете точно како да ја шармирате другата страна.

rn

2. Палците се во рамнина

rnВие верувате дека и најмалите нешта се важни бидејќи сè е во деталите. Вие сте перфекционисти во сè што правите и очекувате подеднакво ниво на посветеност и концентрација од другите. По природа сте лидери, што не значи дека не сте чувствителни на туѓите потреби или дека не ги уважувате туѓите склоности.

Реклама

Секогаш го цените мислењето на другите и се обидувате го разберете нивниот став пред да ја процените ситуацијата. Искреноста ви е најголемиот квалитет и со неа лесно ги разоружувавте другите. И во односите ја цените искреноста пред сè. Не се срамите да го искажете своето мислење, ниту пак ги спречувате другите да го искажат своето.

rn

3. Десниот палец е горе

rnВе краси висок коефициент на емоционална интелигенција. Лесно сфаќате што другите чувствуваат и кога се обидуваат да го скријат тоа од вас. Таа ваша единствена способност ви ги олеснува односите со другите, па затоа и тие лесно ви се отвораат. Тоа исто така ви овозможува и перспектива за да ги согледате нештата вон контекстот и надвор од рамките, за правилно да одлучите.

Способноста да ги разберете туѓите емоции и вашата топлина се тоа што најмногу ги привлекува другите кон вас. Во врските ги разбирате и неизговорените чувства на партнерот и затоа никогаш немате проблем со неговите/нејзините емоционални потреби.

Сте знаеле ли дека изгледот на вашиот палец открива и какви сте во љубовната врска?

Најново

Може ќе ве интересира