Левата страна од лицето е наследство од таткото, а десната од мајката: Судбината го одредува вашиот карактер!
Колкупати ви се случило додека гледате нечие лице да почувствувате пријатност или пак непријатност? Сте сретнале непозната личност која на прв поглед ви изгледала симпатично, или потполно одбивно, а причината за тоа, едноставно не можете да си ја објасните. Некои експерти решението го наоѓаат во физиогномиката – умеењето за читање на цртите од лицето, обликот на черепот и градбата на телото.
Со стареењето, слабеењето, дебелеењето, па и со формата на веѓите или пластичната операција, нашата физиономија постојано се менува, а така често се менува и нашиот карактер. Тоа е логично, бидејќи личноста која себеси се смета за непривлечна, откако ќе ослаби или ќе промени нешто друго на себе, ќе го промени и својот став. Но, исто така, може да се случи и со изменување на лицето да се „прочита“ нешто сосема поразлично од вистинскиот карактер на личноста.
Техниката за читање од лицето може да ни помогне во работата. За успешен работен разговор идеално е да ја користите техниката која подразбира копирање на изразите и гестовите на другата личност со секундарни задоцнувања, но тоа да не биде премногу очигледно. Лажењето е најлесно да го откриете, бидејќи личноста која не ја зборува вистината најчесто избегнува директен поглед, нервозно закашлува, честопати ја држи раката преку устата, ги оближува или ги грицка усните, тапка со ногата и го стишува гласот.
Во античка Кина и Јапонија физиогномиката била доста раширена. Намбоку Мизуно е најголемиот јапонски физиогном-дијагностичар кој со набљудувањето на цртите на лицето и телото можел да го открие карактерот на луѓето, добрите и лошите страни и нивната предодреденост.
За што се работи? Нашите тела, па така и лицето, се асиметрични. Експертите велат дека нашата лева страна од лицето е наследство од нашиот татко, а десната – наследство од нашата мајка.
Кога се проучува и се чита од лицето, нашата личност се крие во оние делови кои се најизразени или најразвиени, а тоа се челото и увото. Челото и увото имаат 3 зони, а се набљудуваат однапред и од профил. Горната зона на челото е интелектот, па личностите чиј врв на челото е поизразен се поинтелигентни, додека оние кои имаат поизразен долен дел, кај веѓите, сакаат да уживаат во животот. Средниот дел на челото се емоциите, а средниот дел на увото ги изразува вештината и способноста за комуникација.
Кога станува збор за обликот на лицето, постојат 4 типа: триаголен облик, обратен триаголник, квадратен облик и овално лице. Секое од нив има свои карактеристики, па така, според оваа теорија, личностите со триаголен облик го сакаат и ценат директниот пристап во комуникацијата. Не сакаат одложувања, ниту пак нејасност и сакаат искреност која, за разлика од другите облици на лице, може да ја поднесат. Нејасностите во комуникацијата доведуваат до караници, бидејќи кога не праќаме јасни пораки, соговорникот може погрешно да ги разбере.
Од друга страна пак, на личностите со овален облик на лице поудобно им е да слушаат внимателно. Тие се соговорници кои заинтересирано ги слушаат туѓите излагања и проблеми, но не знаат да ги решат.
Очите, кои се огледало на душата, исто така, многу зборуваат за вашиот карактер. Кај нив се гледа раздалеченоста, големината, обликот и слично. Личностите кои имаат ситни очи сакаат директен начин на комуникација, искрени се и отворени, брзо преминуваат од тема во тема, притоа не губејќи се во разговорот. Личностите со крупни очи уживаат во опуштените разговори, стабилни се и сакаат да разговараат на различни теми. Тие фантазираат и се многу креативни, но честопати ја преминуваат границата помеѓу реалното и измисленото.
Личностите со полни образи се весели и вистински пријатели, полни со разбирање, вистинско „рамо за плачење“.
Оние пак со полни усни се свртени кон уживањата, склони кон флертување, сензуални и склони кон сексуални задоволства.