Мобилни телефони. Светот е едноставно зависен од нив. Животот каков што досега го знаевме, едноставно не постои веќе. Никој нема време да застане и да ги помириса ружите. Но, веќе нема да морате да го направите тоа, бидејќи благодарение на овие маски за смартфони, вие можете да ги носите цвеќињата со вас, каде и да одите.rnrn
rnrnОвој иновативен дизајн бил создаден од „HouseOfBlings“, чии производи се достапни на Etsy. Живите дизајни вклучуваат вистински цвеќиња кои се заробени во маските од кои дел изгледаат како букет, други како дрвја, но сите подеднакво свежо и пролетно. Зарем има подобар начин на кој можете да го украсите вашиот смартфон во текот на овие неколку месеци?rnrn
rnrn
Пролетни маски за смартфони кои се составени од вистински цвеќиња












