КАФЕ ПАУЗА

Прекрасни фотографии ни покажуваат што точно значи да се биде татко

Многу родители се преплашени кога ќе го добијат нивното прво дете, а тоа со право е така. Но, покрај големите тешкотии и несигурности кои доаѓаат, сепак, искуството со децата е непроценливо и незаменливо. Најчесто мајките се оние кои поминуваат повеќе време со своите деца, но, иако татковците може да не знаат како да ѝ ја средат косата на нивната ќерка или како да го смират синот кога ќе почне да плаче во средина на ноќта, сепак, тоа не покажува дека тие не се посветени родители.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrnrnВо продолжение погледнете ги овие примери за татковци, кои ќе ви ја покажат убавината на татковството и ќе ви докажат дека сѐ уште во светот постојат добри родители.rn

1. Татко ја шминка неговата ќерка и ја подготвува за играње во претстава

rnТој можеби не знае како правилно да ѝ ја нанесе шминката, но сепак, дава сѐ од себе за да ја подготви својата ќерка за претстојниот настан. Тој ѝ ја покажува важноста на помагањето на оние луѓе кои сака да успеат, без разлика што треба да направи за да го постигне тоа.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrn

2. Изгледа и на овој татко му треба одмор

rnИ таткото и бебето се уморни, па зошто да не се одморат заедно? Тој му покажува на своето бебе дека дури и на возрасните им е потребен одмор и дека секогаш треба да одвои време и за себе, дури и кога ќе биде постар. Па, очигледно никој не е премногу стар за да носи цуцла.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrn

3. Јаслите не се само за деца, зар не?

rnОвој татко само сака неговиот син добро да се одмори во текот на ноќта, па не му е гајле што има неудобна позиција, ако тоа значи дека синот побргу ќе заспие. Со ова тој го учи синот дека понекогаш треба да излезе од својата зона на удобност, за да им помогне на другите.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrn

4. Дури и на татковците понекогаш им треба педикир

rnТатковците ќе направат сè за нивните мали девојчиња, дури и ако тоа значи лакирање на нивните нокти на нозете со светло розова боја. Тој ја учи својата ќерка дека понекогаш треба да излезе од „редот“ со цел да се забавува во животот и да им донесе среќа на другите.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrn

5. Ова мало момче не може да дочека неговиот татко да си дојде дома

rnСигурно овој татко поминува многу време играјќи си со својот син, затоа што очигледно малиот не може да го дочека. Ова ја покажува длабоката врска помеѓу таткото и синот и ни докажува дека дури и кога ќе треба да бидете разделени, секогаш ќе им недостигате на вашите деца ако како мали им ги давате потребната љубов и внимание.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrn

6. Широка насмевка и на таткото и на синот

rnОвој татко ја покажува радоста на неговата поврзаност со детето. Не треба да правите нешто посебно, важно е да сте заедно.rnrnПрекрасни фотографии кои ја покажуваат поврзаноста на таткото со нивните децаrnrnПогледнете уште емоционални фотографии од татковците и нивните деца на наредната страница…rn