КАФЕ ПАУЗА

Филм: Пристигнување (Arrival)

Written by

in

,
Откако 12 мистериозни вселенски летала ќе се појават ширум светот, професорката по лингвистика, Луиз Бенкс, ќе мора да најде начин да го интерпретира јазикот на вонземјаните

rn(1) Филм: Пристигнување (Arrival)Режија: Денис ВилневrnrnУлоги: Ејми Адамс, Џереми Ренер, Форест ВитакерrnrnВреметраење: 116 минутиrnrnПремиера: 11 ноември 2016rnrnЈазик: англискиrnrnЖанр: драма, мистерија, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 10/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnОваа година имавме можност да гледаме голем број научно фантастични ремек-дела, особено во поглед на специјалните ефекти – бидејќи во секој од овие големи филмови акцентот беше ставен на акцијата и брзото темпо на развивање на приказната, што не ви дозволува во ниту еден момент да ви биде здодевно. Но, кога станува збор за уникатна и богата приказна, во толку популарен жанр, филмот „Пристигнување“ ги поместува границите.rnrn(2) Филм: Пристигнување (Arrival)rnrnТимовите зад научно фантастичните филмови се обидуваат да ни престават сосема поинаков свет, различен од реалниот, но сепак доволно сличен за да можеме да се замислиме и самите во некоја од улогите на главните ликови. „Пристигнување“ го прави истото, но светот што ни го прикажува е толку реален, што едноставно нема да можете да не помислите дека истото би можело да ни се случи уште утре. Секој детаљ од филмот е толку добро вклопен во целокупната приказна, започнувајќи од самото дејство, па сè до реакциите на луѓето, што ќе ве измами на момент да помислите дека сите тие настани се случуваат околу вас, а не на големото филмско платно.rnrn(3) Филм: Пристигнување (Arrival)rnrnЕјми Адамс и Џереми Ренер, кои ги толкуваат улогите на Луиз и Иан, маестрално ја завршуваат својата работа, доближувајќи ни го искуството од првиот контакт со вонземјанска раса до тој степен што можеме да го раскажеме како нам да ни се случило. Сепак внимавајте, секој кадар е парче од големата сложувалка што го дава одговорот на мистеријата зад пристигнувањето на вонземјаните, па мора будно да ги следите настаните бидејќи во спротивно нема да можете да го доживеете филмот во целост. Исто така, имајте на ум дека станува збор за бавен филм, па мора да бидете трпеливи, бидејќи приказната ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.rnrn(4) Филм: Пристигнување (Arrival)rnrnЗа споредба, начинот на кој се раскажува приказната, како и самиот тек на развивање на настаните, многу наликува на „Интерстелар“, па ако ви се допаднал тој филм, без сомнение ќе уживате и во овој.rnrn(5) Филм: Пристигнување (Arrival)