КАФЕ ПАУЗА

Четири работни места за парови кои сакаат да работат заедно

Четири работни места за парови кои сакаат да работат заедно

Written by

in

,

Можеби е тешко да најдете огласи за две работни места во ист бизнис и да бидете сигурни дека и двајцата ќе се вработите истовремено. Но, има многу други можности за оние парови кои сакаат да работат заедно. Веќе планиравте свадба заедно, па зошто да не испланирате и заеднички бизнис. И знаете што велат, паровите кои заеднички ги плаќаат даноците, остануваат заедно!rnrnЧетири работни места за парови кои сакаат да работат заедноrn

Водење сопствен бизнис

rnНе треба да ве изненадува фактот што на врвот на листата е отворањето заеднички бизнис. Вие двајцата можете да бидете коменаџери или косопственици, но водењето бизнис ќе ви овозможи и да поминувате повеќе време заедно.rnrnГолема е бројката на нови отворени бизниси секоја година и постојат некои проценки дека некаде помеѓу 20-30% од овие нови бизниси се отворени од парови.rnrnМоже да купите веќе постоечки бизнис или да отворите нова компанија.rnrnЕдниот од вас може да работи со клиентите, да пронаоѓа производи, да држи обуки, а другиот може да ја води деловната страна од работата како книговодство, подготвување буџетска рамка, ангажирање вработени и друго.rnrnМожете да создадете ваш сопствен бизнис преку Интернет и да продавате производи, да понудите услуги или да ги правите и двете работи истовремено. Треба да започнете со привлечен домен и да го регистрирате, да направите веб-страница и да научите оптимизација или да ангажирате некој што ќе го прави тоа за вас. Без разлика дали ќе изберете да имате онлајн продавница или вистинска продавница, вашето присуство на Интернет е подеднакво важно.rnrnТреба да ги знаете вашите меѓусебни предности и маани и да се вложите целосно за вашиот бизнис да се развива и расте.rn

Одржувачи на имоти

rnАко сакате да патувате и да видите нови места, тогаш оваа позиција може да биде за вас. Одржувачите на имот го прават токму тоа: водат сметка за имотите. Овие имоти обично се места што ги поседува некој што не е на својот имот во текот на целата година. Тоа може да бидат фарми, куќи, земјоделски површини и многу други работи.rnrnРаботата би требало да биде релативно лесна: да водите сметка имотот да не се запали и изгори. Можеби ќе треба да научите и како да се грижите за некои растенија, да обработувате земјоделски површини, да одгледувате животни, па затоа бидете спремни да учите нови нешта.rnrnНедостатоците на оваа работна позиција може да бидат оддалеченоста од урбаните средини и немањето контакт со повеќе луѓе подолго време. Тоа може да ве претвори во досадна двојка.rnrnНекои луѓе патуваат низ светот и се фокусираат само на недвижен имот, како куќи. Ако ваквиот животен стил ви прилега, може да се обидете.rn

Мисионерска работа

rnОва не мора да биде само религиозна дејност, иако можеби имате таков впечаток. Но, тоа би можело да биде и работа со деца од ризичните групи или семејства кои се во социјален ризик. Постојат луѓе од многу места во светот на кои им е потребна ваквата помош.rnrnНекои од овие места се во големите градови, додека други се доста оддалечени, како центрите за рехабилитација. Овие работни места бараат многу труд, но ако имате отворен ум и срце и сте подготвени да помогнете тогаш вреди да се обидете.rn

Менаџирање на магацин

rnМожеби ова е „најоткачениот“ предлог на листата, но има многу магацини што нудат работа за парови. Зошто? Бидејќи им треба некој што ќе биде во магацинот во секое време, спремен да работи со клиенти кои ќе доаѓаат да остават нешто или да одберат нешто што им треба.rnrnМногу од овие работни места нудат и дополнителна заработка како бонуси, но тоа, исто така, значи дека можеби нема да можете да го напуштите магацинот кога ќе посакате. Исто така, би можело да ви биде тешко да ги разликувате работата и приватноста.rnrnЗа секоја од овие можности можеби ќе ви бидат потребни и дополнителни квалификации, па затоа размислете пред да се одлучите на ваков чекор.rnrnРаботењето заедно со партнерот си носи свои предности и предизвици. А погледнете кои работи треба да ги знаете пред да се откажете од работата за детето.