Жените кои се многу чувствителни, поинтензивно ги доживуваат работите. Лесно е да се препознаат нивните силни емоции кои се разликуваат од чувствата на останатите. Тие се многу добри соговорници бидејќи не обрнуваат внимание само на она што го велат другите, туку и на гестикулацијата што ја користат при зборувањето и тонот на гласот.rnrn
rnrnМеѓутоа постојат и одредени негативни страни на оваа претерана чувствителност, со оглед на тоа што силните емоции понекогаш може да имаат катастрофални последици. Емотивните жени можат да ги искористат чувствата во нивна полза само доколку се свесни за нивниот интензитет. Доколку се прашувате дали и вие сте претерано чувствителни, обидете се да ги пронајдете кај себе следниве неколку карактерни особини…rn
Длабокоумни сте
rnКога се соочувате со некакви потешкотии, се повлекувате во вашето засолниште и размислувате како сте се довеле до таа ситуација, пред да преземете што било за да го решите проблемот. Малите нешта имаат големо влијание на вас.rn
Обрнувате внимание на детали
rnДеталите ви значат исто толку колку и емоциите. Ги забележувате ситниците што другите ги пропуштаат и не сте задоволни сѐ додека не успеете да ги поврзете во целина. Оваа особина може да ви донесе многу придобивки, доколку ја одберете вистинската професија.rn
Ви треба повеќе време за да донесете одлука
rnСо оглед на тоа што секогаш навлегувате длабоко под површината на нештата, имате навика да одложувате кога станува збор за донесување одлуки. Се обидувате да ги видите сите можни резултати во вашата глава, а тоа може да претставува голем проблем, особено ако немате многу време.rn
Лошите одлуки можат да ве скршат
rnАко донесете одлука и подоцна сфатите дека сте направиле лош избор, тоа ви паѓа многу потешко одошто на останатите луѓе. Тоа може да создаде маѓепсан круг кој дополнително го забавува процесот на донесување одлуки. Стравот од донесување одлуки е она што ви го попречува патот.rnrn
rn
Емотивно реагирате
rnМногу силно реагирате на сѐ што ви се случува. Не сте ништо помалку имуни ни на случувањата во животот на другите луѓе. Тешко ви е да ги канализирате емоциите за да го произведете однесувањето што сакате да го покажете.rn
Тешко поднесувате критики
rnВашите силни чувства и интензивни емотивни реакции се причината за вашите потешкотии при прифаќањето критики. Иако знаете претерано да реагирате на туѓите критики, сепак ви се случува и добро да размислите за сѐ и подлабоко да ја истражите ситуацијата. Оваа анализа на критиките е корисна на подолг рок, бидејќи вашата неспособност да останете рамнодушни ви помага да ги направите неопходните промени.rn
Добро се снаоѓате во тимска работа
rnВие секогаш ги земате предвид чувствата на другите луѓе, ги почитувате туѓите мислења и обрнувате внимание на детали. Токму овие особини ве прават исклучително важен член од работниот тим. Но, ова е меч со две острици доколку сте задолжени за донесување конечни одлуки, бидејќи вам повеќе ви одговара да ја анализирате ситуацијата.rn
Имате одлични манири
rnВашата зголемена свест за туѓите емоции ве прави многу совесна личност. Обрнувате големо внимание на тоа како вашето однесување влијае на другите луѓе и можете да се пофалите со навистина добри манири. Освен тоа, многу се нервирате кога луѓето се непристојни, некултурни и безобразни.