12 парчиња облека за совршено стилизирани зимски модни комбинации
Кога ќе размислиме малку подобро, зимата и не е толку лоша. Се разбира, кога е модата во прашање. Вистина е дека е студено и дека имате проблем со тоа што ќе облечете, но кога малку подетално ќе го разгледате вашиот гардеробер, ќе сфатите дека имате многу сјајни и тренди парчиња облека со кои вашите зимни модни комбинации нема да бидат ниту малку досадни, очекувани и веќе видени. Потребно е само да комбинирате неколку парчиња облека и вашата совршена модна комбинација е тука!
1. Атрактивната бунда во некоја занимлива боја е дефинитивно едно од оние парчиња облека кои ќе ја „зачинат“ вашата комбинација. Црните и сивите капути се она што е досадно и веќе видено.
2. Понатаму, волнените чорапи над колена. Толку стилски! Без разлика на тоа дали ќе ги носите со панталони или пак здолниште, ако симпатично излегуваат над вашите чизми, ќе добиете сјаен и никако погрешен детаљ за тренди зимска модна комбинација.
3. Доколку сакате темни бои и тие се вашиот број еден и кога ќе дојде зимата, тогаш вашата комбинација можете да ја освежите со чизми во силна боја. Детаљ кој прави чуда!
4. Или, можете да изгледате тотално стилски со чизмите над колена. Повторно, можете да избирате дали ќе ги комбинирате со панталони или занимлив фустан.
5. Кога сме веќе кај фустаните, оваа зима едноставно морате да понесете еден од моделите на џемпери во форма на фустан. Тие одговараат на секоја девојка, а ќе ја пробудат во вас онаа доза женственост и заводливост која ја чувствувате во лето.
6. Зима = џемпери, зар не? Но, за да изгледате модерно и стилизирано, изберете некој мек, широк џемпер и заблескајте!
7. Зимата е вистинско време да носите капи и шешири во сите облици! А доколку сакате младешки, освежувачки и тренди изглед, тогаш изберете некоја симпатична волнена капа.
8. Многу модни икони се големи поддржувачи на вештачкото крзно, исто како и многу стилисти и модни експерти. Затоа, „зачинете“ го вашиот изглед со атрактивен капут украсен со крзно и изгледајте како да сте се симнале од страните на некој моден магазин.
9. Зима и пончо? О да, совршен спој, секогаш и секаде!
10. Ролките оваа година го доживеа своето големо враќање на модната сцена. Па затоа, оваа зима мора да понесете една и тоа во која било боја и во која било комбинација. Некако оддава впечаток на отменост и стил, зар не?
11. Зимата асоцира и на шалови. А колку само сјајни шалови постојат! Може да избирате дали ќе понесете ултра модерни „прстен“ шалови…
12. Или пак модерни, големи шалови кои се наречени ќебе-шалови!