Баш како и сите претходни, така и оваа зима гломазните шалови се на модната сцена, па можете да ги носите во сите можни варијанти и прилики. Станува збор за ефектен и топол аксесоар кој го обожаваме и во овој период секогаш го носиме, па ова е прилика во која ќе можете да дознаете на кој начин може да го комбинирате оваа зима.rnrn
rnrn1. Еден од најголемите модни трендови за оваа зима се деталите изработени од крзно, шаловите изработени од подебел конец, но и моделите кои потсетуваат на ќебе. Постојат многу различни варијанти, а кога ќе ја одбирате вашата омилена, одлучете се за модели кои се топли и чие плетиво не делува сиромашно, туку богато.rnrn
rnrn2. Сивата, бојата на камила, црната, белата и пастелните бои се одличен избор за совршен изглед. Меѓутоа, ако сакате да постигнете впечатлив изглед, слободно избирајте варијанти во јаки бои.rnrn
rnrn3. Бидете одмерени кога ги избирате боите, бидејќи од тоа зависи дали ќе направите моден погодок или модна катастрофа. Кога го велиме ова, мислиме на избирање варијанти со еден или два детали во боја, додека остатокот од комбинацијата треба да биде монохроматски.rnrn
rnrn4. Наместо да го префрлите шалот преку рамената, одлучете се за варијанта во која тој ќе биде околу вратот. Значи, носете го вашиот шал така што тој да биде цврсто стегнат и да не виси премногу преку рамената.rnrn
rnrn5. Во зависност од текстурата и должината на шалот, стилизирајте го овој гломазен аксесоар на начин кој ќе одговара на сите претходно наведени параметри. Затоа, ако се одлучите за подолг и погломазен шал, носете го така што тој да достигнува до вашите рамена.rnrn
Одличен избор за ладните денови: На кој начин да ги носите гломазните шалови оваа зима?
