КАФЕ ПАУЗА

Направете зен кревет и подобрете го квалитетот на вашиот сон

Written by

in

,

Квалитетниот сон е од големо значење за нормалното функционирање и за одржување на здравјето и енергијата. Во Фенг шуи филозофијата, спалната соба има големо влијание на вашето тело, но и на вашата душа. Со оглед на тоа што голем дел од времето што го поминувате таму сте во пасивна состојба, тоа што се наоѓа околу вас има силно влијание и на вашиот сон. Еве неколку начини со чија помош можете да го разубавите вашиот простор, а притоа да го подобрите и квалитетот на вашиот сон.rnrn5 едноставни начини да го направите вашиот простор поудобен за спиењеrn

1. Проверете што имате под креветот

rnДали можете да се потсетите на сите оние нешта што сте ги ставиле под креветот на кој спиете? Најчесто луѓето овде чуваат стари сметки, љубовни писма, чевли и слично. Но, најдобро е да не чувате ништо, со цел енергијата слободно да се движи. Доколку пак морате да го искористите и овој простор, тогаш најдобро е да чувате меки работи, како што е перница или ќебе. Според Фенг шуи филозофијата, старите сметки може да ви предизвикуваат стрес околу парите, а пак старите љубовни писма може да ја избркаат новата љубов.rn

2. Наместете го креветот на соодветната локација

rnФенг шуи филозофијата исто така ни покажува и кое е најдоброто место за вашиот кревет. Според тоа, најдобро е да го поставите така што кога ќе лежите да имате можност да ја гледате вратата. Доколку ова не е возможно, тогаш поставете огледало кое ќе ја рефлектира вратата. На овој начин би се чувствувале посигурно и би спиеле помирно.rn

3. Чувајте кристали околу креветот

rnПриродните кристали имаат моќ да ја променат енергијата во просторот. Доколку сте во можност, ставете неколку под креветот или на масичката до креветот со цел да имате помирен сон.rn

4. Оддалечете ги книгите

rnАко чувате голем број книги во вашата спална соба, тогаш препорачливо е да ги отстраните. Книгите создаваат активна енергија и може да направат да не се одморите добро. Доколку не сте во можност да ги отстраните, слободно можете да ги покриете за да ги тргнете од поглед. Ако избирате материјал за оваа намена, изберете сина или зелена боја кои дополнително ќе ве смират.rn

5. Ставете зелени растенија во собата

rnЗелената боја делува многу благотворно и ја имитира природата. Според Фенг шуи филозофијата, живите растенија значат исцелување, негување и обезбедување со животна енергија.