Лесно е, и разбирливо да се чувствувате гневно кога некој ќе ве повреди, но гневот само ја влошува ситуацијата. Најдоброто (но не и најлесното) нешто што можете да го направите кога некој ќе ви згреши е да му простите. Дури и ако не бара или не заслужува, вие сепак простете му. Без разлика дали станува збор за челен од семејството или бивш партнер кој ве повредил, вие го заслужувате мирот кој доаѓа со простувањето.rnrn
rn
1. Прифатете ги вашите околности
rnГневот настанува поради желбата за промена на околностите. Кога ќе научите да прифатите дека нешто веќе се случило и дека нема враќање назад, ќе се чувствувате многу подобро.rn
2. Простете си самите
rnКога му простувате на поранешниот партнер, вие го правите тоа за вас. Не заслужувате да се чувствувате повредено и гневно заради него бидејќи тоа нема никаков ефект на него. Простете, не за него туку за вас.rn
3. Заменете ги чувствата на повреденост со чувства на љубов
rnКога ќе имате повеќе љубов, ќе имате и повеќе разбирање за оние кои ве повредиле. Обидете се да сочувствувате со тие личности и ќе го достигнете мирот кој ви е потребен. Важно е да знаете дека простувањето не се случува преку ноќ, па и способноста да сакате некој што ве повредил нема веднаш да се појави. Бидете трпеливи додека учите како да сакате.rn
4. Молете се за помош
rnБез разлика на вашите верувања, побарајте помош за да простите. На овој начин ќе ја добиете потребната сила да ги оттргнете болката и гневот, и да ги замените со љубов и разбирање.rn
5. Претворете ја болката во нешто позитивно
rnУчете од својата болка и претворете ја во нешто позитивно поставувајќи си го прашањето: „Како може моето искуство да им помогне на другите?“ Најдобриот начин да простите е да го смените вашиот негативен став во благодарност. Вашите искуства и примери секогаш можат да му помогнат на некој друг.rnrnПростувањето е процес кој трае, па дури и кога ќе му простите на некој може да се појават горчливи чувства. Чувството дека не можете да простите некому, без разлика колку се обидувате, може да биде фрустрирачко. Но ако навистина се посветите на прошката, таа ќе се појави. Само бидете трпеливи и обидувајте се секој ден.rnrnНаучете и како да си простите себеси за направените грешки.