Маскарите во боја се вистински моден хит оваа сезона: Одберете ја идеалната за вашите очи

Сподели

Вашето лице секогаш треба да изгледа свежо и да зрачи со позитивна енергија. За да постигнете свеж изглед без да претерате со шминкање, доволно е да нагласите само еден дел од вашето лице. Доколку се одлучите да ги истакнете очите, тогаш останатите делови треба да останат неутрални. Но, ако сте љубител на веселите нијанси, веројатно инстинктивно ви доаѓа да посегнете по шарените сенки за очи. Меѓутоа, немојте да заборавате на шарениот свет на маскарата, бидејќи токму сега е вистинското време да почнете да ја користите неговата разновидна палета на бои.

Реклама

Немојте да ја бирате маскарата во боја според бојата на вашата облека, туку според бојата на вашите очи. Во продолжение прочитајте која маскара е совршена за вас и со која најдобро би можеле да ја истакнете природната убавина на вашите очи…rn

Сини очи

rnСините очи не претставуваат голем проблем кога се работи за шминкање. Овие очи секогаш ќе ве издвојуваат од толпата, но најдобро можете да ги нагласите со маскара во бургунди боја.rn

Смеѓи очи

rnЖените со кафеави очи не треба да се грижат бидејќи им прилегаат речиси сите бои. Кобалт сината маскара ќе им даде најдобар контраст и ќе внесе топлина во острите кафеави очи.rn

Зелени очи

rnЗелените очи се мистериозни и за да заблескаат во полн сјај, најдобро е да се нагласат со маскара во виолетова боја. Ќе изгледате софистицирано и никој нема да може да одолее на вашиот поглед.rn

Сиви очи

rnРетки се жените кои имаат прекрасни сиви очи. Вистинскиот избор за нив е топлата розова боја која ќе ја разбие ладната сива нијанса.rn

Очи со боја на лешник

rnОчите со боја на лешник се на граница помеѓу светло кафеавата и зелената боја, па така ним најмногу ќе им прилегаат жолтите нијанси. Иако на прв поглед ова делува како необична боја за маскара, дефинитивно вреди да се проба!

Популарно

Може ќе ве интересира