За една недела подгответе го телото за на плажа во Центарот за естетска козметологија „Приве“

За една недела подгответе го телото за на плажа во Центарот за естетска козметологија „Приве“

Модерната козметологија има изнајдено повеќе опции кои даваат брз резултат и го менуваат телото, а притоа и ја зголемуваат самодовербата на клиентот.

До убаво и негувано тело не се стигнува набрзина, но модерната козметологија нуди третмани кои и после едно користење даваат феноменални резултати и на Македонките им се достапни во Центарот за естетска козметологија „Приве“ во Скопје. Иако патот до совршенството е долг, телото може да го „затегнете“, „освежите“ и подготвите за на плажа за само една недела со помош на различни мануелни и апаративни третмани. Од „Приве“ посочува дека опции има многу, но најдобрите резултати се постигнуваат кога стручниот тим ќе направи консултација и преглед на состојбата на ткивото на клиентот и ќе понуди соодветна програма.

1-za-edna-nedela-podgotvete-go-teloto-za-na-plazha-vo-centarot-za-estetska-kozmetologija-prive-kafepauza.mk

Намален обем до три сантиметри

Една од методите за намалување на обемот во „Приве“ e Bodywrapping – от, проверена и ефикасна метода за топење и дренирање на масните наслаги и целулитот. Го намалува обемот до два сантиметри по само еден третман и има изразено липолитичко и дренажно дејство односно ги исфрла вишокот на вода и токсини од телото. Овој третман особено е актуелен во летниот период кога се приближува бикини-сезоната, а сè што треба да направите е да лежите 60-ина минути завиткани во моќна, антицелулитна прекривка. Стручниот тим на „Приве“ посочува дека секој човек треба да го проба и да се увери во резултатите кои не само што го менуваат телото туку и ја зголемуваат самодовербата.

Во реномираниот Центар се нуди и уште една одлична опција за подготовка за на плажа односно за нега на лице и тело, а тоа е третманот Lipo Detox кој е специјална, клинички докажана постапка за намалување на обемот до два – три сантиметри и по него кожата изгледа мазна, компактна и оптегната. Се користат препарати кои не содржат парабени, силикони и парафински масла, а се состои од три чекори и секој од нив е подеднакво важен и делотворен.

2-za-edna-nedela-podgotvete-go-teloto-za-na-plazha-vo-centarot-za-estetska-kozmetologija-prive-kafepauza.mk

Со масажа против кожата како кора од портокал

Стручниот тим на „Приве“ како ефикасна ја издвојува и маската од алги и морска кал со која се постигнува реминерализација, се разградуваат масните келии и се зацврстува кожата. Успешно влијае и на намалување на целулитот бидејќи телото има потреба од минерали, витамини, протеини и влага, а исто така ја подобрува и еластичноста, цврстината и ја штити кожата од предвремено стареење.

Делотворен избор на кој голем број клиенти во „Приве“ се одлучуваат е антицелулитната масажа која трае 40 минути и чија цел е да се израмни кожата која изгледа како кора од портокал – проблем кој го има речиси секоја жена. Со нејзина помош се подобрува крвната и лимфната циркулација и целулитот се намалува или исчезнува за одреден период.

3-za-edna-nedela-podgotvete-go-teloto-za-na-plazha-vo-centarot-za-estetska-kozmetologija-prive-kafepauza.mk

Апарат со кој исчезнуваат масните наслаги

Иновативна, неинвазивна процедура за отстранување на масните наслаги од проблематичните површини на телото е и апаративниот третман криолиполиза кој е заснован на интензивно ладење на масното ткиво. Оваа напредна технологија овозможува ладење на масните ќелии без последици по кожата и другите ткива, а притоа ефикасно ги отстранува мастите по пат на реапсорпција и природни метаболитички процеси, што доведува до ефикасно намалување на масните наслаги на третираните површини. Ова е клинички докажана процедура, одобрена од американската управа за храна и лекови и се смета за една од најделотворните методи за елиминација на масни наслаги. Оваа постапка е посебно ефикасна за локализирани масни наслаги на стомакот, внатрешната страна на бутовите, надлактиците, грбот и струкот. Докажано е дека масните наслаги по само еден третман се намалуваат за 22 отсто.

Сепак ова е само мал дел од широката листа на опции кои се нудат во „Приве“, но стручниот тим потенцира дека најдобрите резултати се добиваат кога во договор со клиентите ќе одредат која програма би била најефективна. Поради тоа екипата на Центарот во Скопје ги поканува сите дами да дојдат и да ја најдат опцијата со која ќе бидат најзадоволни и која ќе им помогне да имаат идеално тело за на плажа.

4-za-edna-nedela-podgotvete-go-teloto-za-na-plazha-vo-centarot-za-estetska-kozmetologija-prive-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар