Полскиот уметник Павел Куцински (Pawel Kuczynski) создава брилијантни сатирични илустрации инспирирани од сиромаштијата, политиката, алчноста, нехуманоста… Во неговите живописни дела се кријат сурови животни приказни, осврт кон актуелните политички случувања и сериозни пораки до јавноста.
Талентираниот Павел е роден во 1976 година во Шченин, Полска. Завршил на Академијата за ликовни уметности во Познан, каде специјализирал графика. Тој на сатирата ù се посветил од 2004 година. За своите дела добил преку 100 признанија, меѓу кои е и наградата „Eryk“ на Здружението на полски карикатуристи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

