4 ситуации кога е сосема во ред да бидете себични

4 ситуации кога е сосема во ред да бидете себични

Себичноста е лоша особина, но таа понекогаш може да ви ги подобри односите со другите, доколку се употребува на правилен начин. „Морате да бидете посебични“, тврди Бенџамин Фишел, писател и ко-креатор на блогот „Project Monkey Mind“, наменет за оние кои сакаат послободен и поисполнет живот. Иако себичноста е една од најлошите човечки особини, сепак таа е важна во одредени моменти кога ви е потребно време само за вас. Себичноста ви помага да се сконцентрирате, затоа што вниманието повеќе не ви е поделено меѓу личната корист и грижата за другите.

(1) Кога е добро да бидете себични: 4 работи кои треба да ги правите за себе

„Колку повеќе инвестирате во себе, толку повеќе сте во состојба да се развивате, да растете и да им помогнете на другите“, истакнува Фишел.

Иако ова тврдење се чини спротивно од здравиот разум, себичноста може да ви помогне да ги подобрите и односите со другите. Со поставување цврсти граници, ќе ги научите луѓето дека сте во состојба да речете „не“, па според тоа тие ќе ги прилагодат очекувањата и нема да бидат разочарани или повредени. Можеби сега ви се наметнува прашањето: Кога треба да бидеме посебични?

Според Фишел постојат неколку моменти кога треба да ја истакнеме оваа особина:

  • Кога се обидувате да помогнете некому, а тоа ви го свртува вниманието од сопствените цели;
  • Кога се воздржувате да реализирате некој бизнис, некоја работа или да си го организирате животот онака како што посакувате, затоа што сте загрижени дека тоа може да повреди некого;
  • Кога во вашиот живот има луѓе кои ве исцрпуваат емоционално, ве спречуваат да го остварите својот потенцијал и да бидете најдобрата верзија од себе;

Но, мора да бидете себични на правилен начин, внимавајќи да не ги повредите останатите. Фишел набројува четири начини како времето кое го имате да го посветите на личен развој и задоволство.

1. Посветете повеќе време на својата едукација

Образованието и личниот развој се најдобрите нешта кои можете да ги направите за себеси. Можеби имате обврски кон другите или тие очекуваат нешто од вас, но некогаш е подобро своите време и пари да ги вложите во книги и курсеви, како и на друго неформално или формално образование, кое ќе ви помогне да напредувате на приватен и на професионален план.

2. Почесто велете „не“

Повеќето од нас не сакаат да ги повредат луѓето околу себе или да ги комплицираат работите во односите со своето семејство, пријателите, колегите, па затоа ретко или воопшто не велат „не“. Потрудете се да кажувате „не“ без страв и чувство на вина. Секоја можност да кажете „не“ кога тоа искрено сакате да го кажете е всушност вежба за зајакнување на самодовербата и грижата за себе.

(2) Кога е добро да бидете себични: 4 работи кои треба да ги правите за себе

3. Трошете помалку време на повици и пораки до пријателите

Според студиите, една личност во просек секој ден троши околу 4,7 часа користејќи го телефонот. Поголемиот дел од тоа време е залудно потрошено. Несреќата се наоѓа во тоа што таа навика веќе на големо е прифатена од сите и е дел од секојдневието, па доколку се одлучите малку да одморите од смартфоните и социјалните мрежи, луѓето можат да го сфатат тоа како ваша изолација, а други да се почувствуваат навредени. Но, доколку правилно го користите телефонот и ја редуцирате неговата употреба, тогаш повеќе време ќе ви остане да им се посветите на работите кои вистински ве прават среќни и ве исполнуваат, како и да се дружите со пријателите „лице в лице“.

4. Понекогаш дозволете си да бидете малку мрзеливи

Брзото темпо на животот, на кое денес се жалат поголемиот дел од луѓето, всушност ни ја всадува мислата дека секој момент мораме да бидеме продуктивни. Но, нашите тело и ум имаат потреба и од пауза за да ги наполнат своите „батерии“. Потсетете се дека не мора секогаш „нешто да постигнете“, понекогаш без грижа на совест дозволете си да останете в кревет, читајќи некоја убава книга, да погледнете некој добар филм или едноставно да дремнете. Прошетајте во природа без да размислувате на идните планови и активности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

  1. Елена Reply

    Себичноста не е лоша особина.Себичност значи себесвесност,пратење на своите чувства и потреби.Убаво е да се мисли на другите и да се помага, ама секоја постапка да биде во склад со нас самите.Луѓето имаат уверување, ако мислат на себе првенствено дека се лоши личности.А кој може да процени дали сме лоши или добри.Па оние спроти нас што не набљудуваат и проценуваат, повторно тргнувајќи од своите уверувања и животни искуства.Ако сакате сите да ве сакаат, робувате на туѓите мислења и не живеете автентичен живот.

Остави коментар