КАФЕ ПАУЗА

Како ќе влијае сезоната на Јарецот на вашиот хороскопски знак: Скорпијата се буди, Бикот се става себеси на прво место

Како ќе влијае сезоната на Јарецот на вашиот хороскопски знак: Скорпијата се буди, Бикот се става себеси на прво место

Во следниот месец, планетите ќе ги измешаат картите на неочекуван начин. Сезоната на Јарецот започнува на 22 декември и ќе трае до 19 јануари, кога започнува сезоната на Водолијата. Погледнете што го очекува вашиот хороскопски знак за време на владеењето на Јарецот.rnrnКако ќе влијае сезоната на Јарецот на вашиот хороскопски знак: Скорпијата се буди, Бикот се става себеси на прво местоrn

Овен

rnБидејќи е крај на годината, ќе сакате да се концентрирате на нови резолуции и планови. Иако за вас не е карактеристично да планирате нешто, вашето патување за време на владеењето на Јарецот ќе направи да се чувствувате сигурни и одговорни. Ова е време што ќе го разбуди реалистот во вас, па затоа ќе се потрудите да го реализирате она што сте го планирале.rn

Бик

rnЌе развиете чувство на одговорност и лична свест. Чувствувате потреба да постигнете нешто за себе – нешто цврсто, реално и долготрајно. Ќе успеете во тоа ако ѝ дозволите на отрезнувачката енергија на Јарецот да ве обвитка со креативни идеи и планови за во иднина.rn

Близнаци

rnПреземањето одговорност никогаш не ви било силна страна, но во овој период ќе мора да решите некои работи за да ви биде полесно. Сега ќе заврши сè што одложувавте цела година. Бидете храбри бидејќи ова е сезона на храброст и обновување.rn

Рак

rnНе сте навикнати да се менувате бидејќи промената ве плаши. Сепак, овој период ќе ве натера да ги преиспитате вашите стравови и конечно да се ослободите од нив. Владеењето на Јарецот ќе ви покаже колку можат да бидат добри промените за вас.rn

Лав

rnНе сакате да учите од другите, но на 22 декември, кога започнува сезоната на Јарецот, ќе станете отворени за нови знаења. Нешто ќе пукне во вас и ќе го препознаете како потреба за промена и подобрување. Ќе ве интересираат многу нови работи и конечно ќе ги оставите спомените во минатото, каде што им е местото.rn

Девица

rnВреме е да го оставите настрана вашиот свет на имагинацијата бидејќи многу фантазиравте за време на сезоната на Стрелецот. Сега е време да испробате некои идеи што ги имате на ум премногу долго време. Ова ќе биде сезона за преземање ризици, но ако го слушате своето срце, ќе успеете во сè што ќе правите.rn

Вага

rnОчекувајте овој период да биде означен како период на финансиски чекор напред. Искористете ги вашите карти, бидејќи Јарецот ќе ве научи како да заработите поголема сума пари за кратко време. Планирајте однапред, направете агенда и следете ја.rn

Скорпија

rnОва може да биде одлично време за будење. Сезоната на Јарецот бара присуство, а вие не сте биле присутни последните неколку месеци – или сте живееле во минатото или сте правеле планови за во иднина. Време е за акција – остварете ги вашите соништа и не чувајте ги засекогаш во вашата глава.rn

Стрелец

rnПо блескавиот роденден, време е да преземете одговорност за вашиот финансиски живот. Искористете ја мотивациската енергија на сезоната на Јарецот за планирање на буџетот и на некои финансиски цели за годината што доаѓа. Не треба да трошите многу за да стекнете вредни искуства. Обидете се да најдете поголемо задоволство во бесплатните работи, како што се добар разговор или прошетка во парк.rn

Јарец

rnЗад вас е тешка и напорна година. Крајот на годината си го посветувате себеси, а тоа нема да им се допадне на некои луѓе од вашето опкружување, но вие знаете дека излеговте како победник од сè што ви се случи. Ова е вашето време, затоа заработете пари, забавувајте се, направете план и направете сè што сакате да функционира.rn

Водолија

rnВашето време доаѓа наскоро, но сепак мора да ја преживеете тврдоглавата сезона на Јарецот. Немојте да бидете изненадени ако сезоната на празници ве претвори во некој што само одмора и не прави ништо затоа што веќе подолго време сте под стрес и сега е време да се регенерирате. Доаѓаат денови кога ќе блеснете во полн сјај и повторно ќе ја покажете својата вистинска природа.rn

Риби

rnРибите честопати не се чувствуваат безбедно или стабилно, но време е да ја почувствувате земјата по која одите и да ја цените, како и околината. Сезоната на Јарецот ќе ви донесе нова перспектива за старите верувања. Вие не сте сами и ќе се чувствувате поспособни од кога било досега. Искористете ја оваа енергија за да завршите некои проекти и да испланирате нови.rnrnПрочитајте кој ќе биде најсреќниот ден во 2021 година за секој хороскопски знак.