Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавиците

Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавиците

Великодушна, театрална, привлечна, горда, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, посветена, заиграна, темпераментна, полна со живот – тоа е жената родена во знакот на Лав. Лесно ќе ја забележите, бидејќи секогаш се издвојува од толпата – таа се смее најгласно, има најубава насмевка, а нејзината самоувереност блеска на сите страни. Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на универзумот, и во склад со тоа, овие жени сакаат да бидат во центарот на вниманието што ѝ оди од рака.

(1) Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавиците

Жената Лав има темпераментен карактер и врела крв. Кога е потребно таа без размислување ги покажува своите канџи и се брани, а кога е лута најлесно може да ја смири комплимент или внимателно одбран подарок. Таа има авантуристички и силен дух, поради што сака да победува, а благодарение на нејзината интелигенција, досетливост и креативност, нејзиниот живот е исполнет со многу победи.

Секс и врски

Жената Лав сака покрај себе да има партнер кој го красат независност и силен карактер. Таа нема потреба од некој да се грижи за неа, туку бара маж кој е доволно сигурен во себе и кој ќе ѝ дозволи покрај него да заблеска во сета своја убавина и сила. Во врската сака да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да смени нешто во своето секојдневие и да го направи подраматично. Сексот ѝ е многу важен и тоа е најдобар начин партнерот да ѝ покаже колку е посакувана. Сака секси долна облека, како и тоа да ја преземе главната улога во спалната. За неа не постојат табу теми во сексот, сака да проба сè, а еднакво ѝ се важни нејзиното и задоволството на нејзиниот партнер. Деловите од телото со кои владее овој хороскопски знак се ‘рбетот, грбот и срцето, поради што, може лесно да биде заведена доколку почувствува нежно, сензуално милување по грбот. Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелци и Ваги.

(2) Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавиците

Пријателство

Благодарение на својата топла личност, магична енергија, ентузијазам и леснотија на постоењето, жените Лав како магнет ги привлекуваат луѓето околу себе, а нејзините пријатели многу често се и нејзини „обожаватели“, луѓе кои едноставно ѝ се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да им угодува на своите пријатели и на голем број луѓе, токму таа им е најдобра пријателка. Никогаш нема да ги изневери своите пријателки и секогаш ќе биде покрај нив. На пријателите знае да им прости сè, освен предавство.

Изглед

Густа и нескротлива коса, како грива на лав, истакнати црти на лицето, топли очи, поглед полн со искри, високо чело, поткренат нос и мали уши. Ова се главните физички карактеристики по кои се препознава Лавицата. Најмногу е горда на нејзината густа коса, која обично е руса или во црвена боја. Жените родени во овој хороскопски знак се височки, имаат долги нозе, убаво обликуван струк, имаат елегантна и многу цврста мускулатура. Тие имаат кралско држење и настап. Секогаш изгледа угледно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украси со накит и други модни додатоци, како и да носи облека во жолта и портокалова боја.

Стил

Сака да се истакнува во жолта и портокалова, но бојата која секогаш ја поставува во центарот на вниманието е златната. Во златната боја Лавицата го наоѓа сето она што ја претставува и што таа искрено го сака – топлина, луксуз, театралност, особеност, воодушевување. Секогаш одбира облека и модни додатоци од најдобар квалитет, а кај неа не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои никој друг ги нема. Секогаш успева да постави најдраматични и најнеобични модни трендови, благодарение на нејзината вродена самодоверба. Сака фини материјали како што се свилата и кашмирот и совршено скроена облека. Ништо подобро не ѝ ја зајакнува самодовербата од одење на фризер. Во нејзиниот плакар сигурно ќе најдете чевли украсени со светки и пердуви, како и ѓердани со светкави камења. Лавицата ретко оди сама во шопинг, туку со своите пријателки, кои не ѝ се толку потребни за совети, колку за комплименти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар