КАФЕ ПАУЗА

6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожа

6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожа

И покрај тоа што бришењето на шминката со влажни марамчиња звучи како благослов по напорниот ден, тоа всушност не е така. Редовното користење марамчиња за отстранување шминка може сериозно да ја оштети вашата кожа и да ви предизвика проблеми. Погледнете каков негативен ефект имаат тие врз вашата кожа.rn

1. Предизвикуваат сувост

rn6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожаrnrnВлажните марамчиња содржат алкохол што ја отстранува вашата шминка, но исто така ги отстранува и природните масла од кожата. Недостатокот на влажност доведува до сувост и сува кожа. Освен тоа, овие марамчиња не го чистат ефикасно вашето лице и оставаат остатоци зад себе, со што ја прават кожата помалку апсорбирачка. Потоа, кога ќе нанесете хидратантен крем, нема да делува како што сакате.rn

2. Може да предизвикаат алергиски реакции

rn6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожаrnrnКористењето влажни марамчиња може да предизвика алергиски реакции. Црвенилото и пигментацијата се вообичаени, но може да има и сериозни реакции. Ако навистина мора да користите влажни марамчиња, се препорачува прво да ја прочитате етикетата и да ги проверите состојките.rn

3. Тие се причина за затнатите пори и за појавата на акни

rn6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожаrnrnЛуѓето користат марамчиња за да се ослободат од нечистотијата, од вишокот масло, од шминката и слично, но не се свесни дека лицето не е исчистено целосно. Остатоците доведуваат до затнати пори и појава на акни.rn

4. Може да предизвикаат карцином

rn6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожаrnrnВлажноста во влажните марамчиња не е ништо друго освен хемикалии и конзерванси кои се штетни за вашата кожа. Хемикалиите како што се парабените се поврзани со предизвикувањето рак на градите бидејќи ги имитираат својствата на естрогенот и можат да го зголемат растот на клетките на градите.rn

5. Може да предизвикаат предвремено стареење

rn6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожаrnrnСпоред познати експерти за нега на кожата, користењето марамчиња за отстранување шминка може да предизвика предвремено стареење на кожата. Кога користите влажни марамчиња, може грубо да ја триете кожата што доведува до незатегната кожа, брчки и пигментација.rn

6. Не го чистат вашето лице целосно

rn6 проблеми што марамчињата за отстранување шминка можат да ѝ ги направат на вашата кожаrnrnВлажните марамчиња само ги размачкуваат нечистотијата, бактериите, маслото и шминката низ целото лице. Тие ги разградуваат честичките шминка, но тоа е сè што прават. Најдобриот начин да ја отстраните шминката е со миење на лицето со вода и средство за чистење на кожата.rnrnПрочитајте кои грешки ги правите кога користите антибактериски влажни марамчиња.