Русокосата адвокатка Ел Вудс ги освои срцата на гледачите со својата искреност, оптимизам и вербата во своите цели дури и тогаш кога другите ѝ се потсмеваа поради нив. Оваа омилена филмска русокоса беше отелотворена од страна на актерката Рис Витерспун која денес го слави нејзиниот 42-ри роденден. По тој повод, да се потсетиме на лекциите кои ги научивме од непоколебливата Ел Вудс…rnrn
rn
1. Не му дозволувајте на туѓото мислење да ви застане на патот
rn„Студиите по право се за здодевни, грди и сериозни луѓе, а ти не си ништо од тоа“. Ова се зборовите што Ел Вудс ги слушна од нејзиниот татко откако им соопшти на родителите дека сака да студира на Харвард. Грижливите родители на Ел, како и другарките од сестринството сакаа да ја премислат, но не успеаја да ја спречат.rn
2. Опкружете се со луѓе кои ги поддржуваат вашите цели
rnКога тргна на Харвард, Ел Вудс на почеток не најде пријатели кои ќе ја поддржат во остварувањето на нејзините цели, но затоа најде такви пријатели надвор од Харвард. Таа се спријатели со Паулет кај која одеше на маникир и двете станаа многу блиски, а ја поддржуваа и пријателките од родниот град Маргот и Серена. Секако дека тука беше и Емет, со кого подоцна започна љубовна врска. Таа не им дозволи на злите јазици да ѝ ги уништат студиите се опкружи со луѓе кои ја поддржуваа.rn
3. Претворете ги лошите ситуации во добри
rnЕл беше уверена дека Ворнер ќе ја запроси, но тој сосема неочекувано ја прекина врската и многу ја повреди. Многумина знаат како е тоа… Ел некое време беше тажна, но тогаш одлучи да извлече нешто позитивно од целата ситуација и да го следи Ворнер на Харвард. Кога го виде Ворнер со неговата свршеница, сосема оправдано се почувствува вознемирено и шокирано. Но, на крајот, кога беше избрана за најдобар студент во нејзината генерација, таа стана најдобра пријатела со поранешната свршеница на Ворнер и ја пронајде својата вистинска љубов.rn
4. Не дозволувајте другите да ве обесхрабрат
rnКога пристигна на Харвард, другите ја доживуваа Ел како типична глупава русокоса и го исмејуваа нејзиниот стил на облекување. Но, наместо да биде непристојна и да се обидува да ги увери во спротивното, Ел и понатаму продолжи да се однесува на истиот начин. Ел беше исмејувана и од страна на колегите приправници со кои работеше на случајот, но само по еден разговор таа успеа да добие алиби за осомничените.rn
5. Ако нешто ви делува сомнително, тоа значи дека навистина е сомнително
rnЕдна од пресвртните сцени во филмот е онаа кога професорот Калахан ќе ја викне Ел во својата канцеларија за да ѝ честита. Но, тој се обиде да ја убеди дека ќе мора да спие со него, ако сака да напредува во својата кариера. Ел го одби, разочарана што нејзиниот ментор го откри своето вистинско лице. Сепак, не дозволи тоа да ја поколеба и продолжи понатаму потпирајќи се на своите способности и знаење. Оваа сцена служи како потсетување дека никој не треба да толерира сексуално вознемирување за да успее во кариерата.rnrn
rn
6. Не плашете се да преземете водство
rnЕл знаеше како да победи во правниот случај, но никој друг не беше уверен во нејзината теорија дека Брук, која беше осомничена за убиството на нејзиниот сопруг, е невина. Сепак, оваа малечка русокоса беше доволно упорна и самоуверена за да преземе водство. Ако знаете дека сте во право, немојте да се откажете и одете напред.rn
7. Пренесувајте го своето знаење
rnВо последната сцена од филмот, Ел се сети на своите почетоци на Харвард и го сподели нејзиното искуство со другите студенти. Секогаш наоѓајте начин да го пренесете своето знаење на другите.rn
8. Уживајте во успехот, но не губете желба за напредок
rnПрвичната цел на Ел беше да се запише на Харвард за го импресионира поранешното момче, Ворнер. Кога ѝ успеа тоа, таа мислеше дека го постигнала тоа што го посакувала, но набрзо сфати дека тоа не е доволно.rn
9. Бидете им благодарни на луѓето кои ви помогнале да го остварите својот сон
rnСобирањето и споделувањето информации е од клучно значење кога треба да дознаете нешто или сакате да напредувате во кариерата. Откако ќе ја постигнете својата цел, што треба да направите? Заблагодарете им се на луѓето кои ви помогнале, исто како што Ел ѝ се заблагодари на Паулет.rn
10. Секогаш бидете што е можно подобри пријатели
rnВо некои моменти од филмот се чини дека Ел Вудс е девојка која ги минува деновите прогонувајќи дечковци. Но, во реалноста, Ел секогаш најпрво се грижи за своите пријателки. Таа е претседателка на нејзиното сестринство и сите девојки ја почитуваат и ја признаваат нејзината титула. Таа ѝ помогна на Паулет да го освои поштарот во кој беше заљубена и да го земе своето куче од поранешниот сопруг.rnrnПрочитајте ги и следниве 17 животни лекции што ги научивме од чик-флик филмовите.