Неодоливи комбинации со капри пантолони кои мора веднаш да ги испробате

Неодоливи комбинации со капри пантолони кои мора веднаш да ги испробате

Трендот кој дефинитивно ќе го засакаме оваа сезона се токму капри пантолоните! Тие се враќаат на големата врата за да ја направат секоја наша модна комбинација совршена и тренди без многу мака, а токму поради тоа и ги обожаваме. Совршено парче облека кое може да се носи во секоја прилика, а кое во зависност од потребата ќе може да го освежите со соодветни детали. Без разлика дали станува збор за спортски, работен или елегантен аутфит, капри пантолоните се тука за да ве направат кралица со стил.

Дали и вие ги сакате капри пантолоните? Тогаш, еве на кои начини можете да ги комбинирате и да ги носите во сите прилики.

0-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

1. Својот омилен модел пантолони лесно можете да го искористите во своите работни комбинации така што ќе ги носите со едноставни блузи или кошули и сако. Сосема примерни на работните состаноци, а сепак и понатаму атрактивни, модерни и женствени. Немојте да ги заборавите вашите омилени чевли и чанта. На крај, спремни сте да го освоите работниот свет.

2-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_ 3-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

2. Секогаш е добар избор да се одлучите за пантолони со интересен дезен кои сами по себе се впечатливи, па можете да ги комбинирате со сведени парчиња облека. Овој аутфит нема да одговара само на веќе споменатите работните прилики, туку и во оние лежерните кога ќе сакате да покажете максимум од својот стил и модно знаење.

4-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

3. За лесни, женствени летни аутфити, со белите капри пантолони комбинирајте лелеави, шарени блузи или туники и внесете здив од Медитеранот во својот стил. Толку освежувачки, зар не?

5-neodolivi-kombinacii-so-kapri-pantaloni-koi-mora-vednash-da-gi-isprobate-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за да ги видите останатите комбинации…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар