Кафето содржи многу корисни состојки, како што се овошни и органски киселини, масти, алкалоиди, минерали, магнезиум, калиум и железо. Тоа содржи и масло кое е богато со линолеична киселина, која го спречува стареењето на кожата, а има и противвоспалителни својства. Кафето без сомнение е многу корисно, но не само за пиење, туку и како козметичко средство.rnrn
rn
Освежителен лосион за лице
rnСварете јако кафе, ставете го во калап за мраз и замрзнете го. Потоа со парче мраз избришете го лицето. Ваквиот лосион од кафе, исклучително добро ја освежува кожата на лицето.rn
Лосион за тонирање на кожата
rnАко наутро го пребришете лицето со памук натопен во свежо сварено кафе ќе добиете не само изедначена боја на кожата туку и благо затемнет тен.rn
Маска против брчки
rnДодајте една лажица брашно од ’рж во сварено и изладено јако кафе и мешајте додека да добиете фина густа смеса. Потоа додадете една жолчка и повторно промешајте. Оваа смеса нанесете ја на лицето, држете 15 минути, а потоа убаво исплакнете го.rnrn
rn
Третман против целулит
rnРаспоредете топло мелено кафе на проблематичните делови на вашето тело и завиткајте ги со пластична фолија. Оставете кафето да делува 15–20 минути, а потоа исплакнете. Овој третман можете да го применувате два пати неделно. Исто така, можете едноставно да ставите мелено кафе во вашиот гел за туширање и нежно да се масирате секогаш кога се туширате.rn
Маска за темна коса
rnИзматете две жолчки и во нив додајте една лажица рум, две лажици топла вода, една лажица мелено кафе и една лажица растително масло. Оваа смеса нанесете ја на косата и оставете да делува пет минути, а потоа исплакнете со топла вода.rn
За сјај на темна коса
rnАко сакате инстантно да го вратите сјајот на вашата темна коса, сварете јако кафе, изладете го, процедете го низ газа и сипете го во шише со прскалка. Потоа попрскајте ја косата и внимателно исчешлајте ја.rnrnОткако ќе се разубавите со овие рецепти, не заборавајте да прочитате и зошто не треба да го фрлате талогот од вашето кафе.
