rnrn4. Освен тоа, своите комбинации можете да ги направите уште повпечатливи и поинтересни со пантолони кои се во некоја весела боја. На пример, розовата е секогаш интересен избор, и тоа не само бебешко розовата туку и металик. За на работа, носете ги со класични кошули и сако, додека за некои поошуштени прилики можете да ги комбинирате со вашите омилени заводливи минијатурни блузи. Со вакви ефективни пантолони нема да ви бидат потребни други детали, а тие ќе совршено ќе изгледаат со сведени нијанси, како што е бежот, сивата, но и со, црната, белата.rnrn
rnrn5. Доколку е потребно да изгледате навистина работно, тогаш изберете комплет кој вклучува токму капри пантолони. На овој начин ќе изгледате многу помодерно и поженствено, дури и кога е во прашање некоја работна прилика.rnrn
rnrn6. Без разлика на тоа дали избирате пантолони од одреден материјал или оние наједноставните од тексас, доколку сте храбри, можете да направите сјајни комбинации кои се оригинални, необични и неодоливи! На пример, капри пантолони и здолниште, несекојдневно, а толку стилизирано, зар не? Со добар избор на бои, вашиот изглед може навистина да изгледа одлично и едноставно можете да ги оставите останатите без текст. Во позитивна смисла, секако.rnrn
rnrn7. За девојките кои не сакаат многу да експериментираат, класичната комбинација со капри фармерки и кожна јакна, со додаток на интересни сандали, чанта и кошула може да биде полн погодок. Особено ако се водите со паролата, помалку е повеќе.rnrn
rnrnБез разлика на кој начин ќе ги комбинирате, капри пантолоните се совршено практично и модерно парче облека кое мора да го имате во својот гардеробер. Верувајте, нема да се покаете, особено ако ги земете предвид сите начини на кои што можете да ги носите. Играјте си со својот стил и уживајте во своите омилени капри пантолони.
Неодоливи комбинации со капри пантолони кои мора веднаш да ги испробате
