Ќе ве расплачат: Мало девојче го прегрнува нејзиното момче за збогум

Сподели

Дали некогаш вашето срце било толку скршено што сте се чувствувале како да не можете да дишете? Потсетете се на тоа чувство и подгответе се да го доживеете одново! Едно девојче објавило фотографии од сестра ѝ додека се збогува со нејзиното момче и со тоа го привлече вниманието на целиот свет.

Реклама

Според таткото на момчето, тие имаат 9 години и пораснале заедно. Според него, тие се знаат откако знаат за себе и биле „во врска“ во текот на целото нивно детство, што е подолго од поголемиот дел денешни модерни врски кои брзо почнуваат и брзо се распаѓаат. И ако мислевте дека нештата не можат да бидат понеодоливи, прочитајте го ова: И двајцата се танчари! Да, тие дури имале и дует пред неколку години.

Додека се збогуваат, тие носат исти кошули, и токму овој момент го искрши срцето на интернетот. Луѓе ширум целиот свет се надеваат дека овие две заљубени птички повторно ќе се најдат – дури се обидуваат и да ја натераат Елен Деџенерис да ги спои!

Но сега засега тие мора да продолжат да живеат во свет каде што ќе бидат одвоени по 9-годишно споделување на секој момент. И можеби еден ден, со години од сега, тие ќе завршат како танчари на шоуто на Мадона. И нема да се сеќаваат еден на друг, но ќе почувствуваат привлечност од првиот момент. И кога ќе ја покани да ги запознае неговите родители, тогаш ќе сфати – тој отсекогаш бил вистинскиот за неа! Во ред, можеби ова не би можело да се случи, но признајте – би било одличен филм!

Популарно

Може ќе ве интересира