Луѓето многу често имаат навика да ги судат нештата од прв поглед и да ја одредуваат нивната вредност без да знаат што се крие под површината. Поради тоа, донесуваат погрешни заклучоци и нанесуваат неправди. Прочитајте ја оваа поучна приказна која ќе ве научи дека не треба да дозволувате да ве измами првиот впечаток, кој понекогаш знае да биде лажен.rnrn
rnrnСи било еднаш едно младо момче кое отишло кај селскиот мудрец за да побара совет.rnrn„Дојдов, учителе, затоа што се чувствувам толку безвредно што немам волја за ништо. Ми велат дека ништо не знам, дека ништо не правам како што треба, дека сум несмасен и прилично глупав. Како можам да се поправам? Што да направам за да ме ценат повеќе?“rnrnБез да го погледне, учителот му одговорил:rnrn„Баш ми е жал, момче. Не можам да ти помогнам затоа што прво морам да го решам својот проблем. Можеби подоцна…“rnrnТој направил пауза, но брзо додал:rnrn„Кога ти мене би ми помогнал, побрзо би го решил тоа и тогаш можеби би можел и јас тебе да ти помогнам.“rnrn„Со задоволство, учителе“, со двоумење одговорил младичот и повторно се почувствувал безвредно и запоставено.rnrn„Добро“, продолжил учителот.rnrnГо извадил прстенот кој го носел на малиот прст од левата рака, му го подал на младичот и му рекол:rnrn„Земи го коњот надвор и оди до пазарот. Треба да го продадам овој прстен, затоа што морам да вратам еден долг. Мораш да ја добиеш најдобрата можна цена за него и не прифаќај помалку од еден златник. Оди и што побрзо врати се со парите.“rnrnМомчето го земало прстенот и отишло. Само што дошол на пазарот, почнал да го нуди прстенот на трговците кои го разгледувале со интерес додека не им кажал колку чини. Кога момчето го спомнало златникот, некои се смееле, други негодувале со главата и само еден старец бил доволно љубезен за да му објасни дека златникот е премногу вреден за да го добие во замена за прстенот. Некој сакал да помогне, па му понудил сребреник и бакарен сад, но младичот ги следел упатствата дека не треба да прифати ништо помалку од златник и ја одбил понудата.rnrnОткако го понудил прстенот на сите кои ги сретнал на пазарот, а биле повеќе од стотина, скршен поради неуспехот, се качил на коњот и се вратил. Колку само момчето го посакувало златникот за да може да му го даде на учителот и конечно да го добие неговиот совет и помош! Влегол во собата.rnrn„Учителе, жал ми е. Не можам да го добијам тоа што го бараш. Можеби можев да добијам два или три сребреници, но се сомневам дека ќе можам да излажам некого во врска со вистинската вредност на прстенот.“rnrn„Тоа што го кажа е многу важно, млад пријателе. Прво мора да ја дознаеме вистинската вредност на прстенот. Повторно јавни го коњот и оди кај златарот. Кој би можел да го знае тоа подобро од него? Кажи му дека сакаш да го продадеш прстенот и прашај го колку може да ти даде за него. Но, колку и да ти нуди, немој да го продаваш. Врати се тука со прстенот.“rnrnМладичот повторно го јавнал коњот. Златарот го прегледал прстенот со помош на ламба, го разгледал со лупа, го измерил и му рекол на момчето:rnrn„Момче, кажи му на учителот дека ако сака веднаш да го продаде, не можам да му дадам повеќе од 58 златника за прстенот.“rnrn„58 златника?“, извикало момчето.rnrn„Да. Знам дека за некое време за него би можеле да добиеме и 60 златника, но ако сака веднаш да го продаде…“, одговорил златарот.rnrnМладичот возбудено јурнал накај куќата на учителот и му раскажал што се случило.rnrn„Седни“, му рекол учителот откако го сослушал.rnrn„Ти си како овој прстен: Вистински бисер, вреден и единствен. И како таков, само вистински експерт може да те процени. Зошто го живееш животот посакувајќи некој неважен да ја открие твојата вистинска вредност?“rnrnУчителот ги изговорил овие мудри зборови и повторно го ставил прстенот на малиот прст од левата рака.
Поучна приказна за вистинската вредност на нештата
