КАФЕ ПАУЗА

На кои магични зборови паѓа неговиот хороскопски знак?

За секој хороскопски знак постојат комплименти кои за момент целосно ќе го разоружат. Секогаш е убаво да се слушнат комплименти или ласкања на наша сметка и најважно е што не мора да се избираат специјални зборови или поезија. Сè што треба да направите е да ги најдете вистинските зборови со кои ќе покажете разбирање и преку кои на едноставен начин ќе ја искажете вашата љубов и почитување.rnrnНа кои магични зборови паѓа неговиот хороскопски знакrn

Овен

rnБрилијантно! Никогаш не сум видела некој да направи нешто такво! Енергичен и полн со идеи, Овенот е секогаш лидер во тимот. И секогаш сака да добие признание за тоа.rn

Бик

rnКолку убаво и чувствително! Никој не ја цени убавината повеќе од Бикот. Ова може да побуди нови, уникатни емоции кај него. Ако со вас сака да ги сподели неговите забелешки, не заборавајте да го наградите со позитивен коментар.rn

Близнаци

rnШто ќе направиш следниот пат? Близнаците се универзален извор на нови идеи. Креативноста за нив претставува извор на енергија. Затоа, разбудете ја во нив желбата да создадат нешто уникатно.rn

Рак

rnМожеш да останеш дома и денес, а јас ќе зготвам вкусна вечера. Покрај фактот што Ракот сака да готви, неговото срце најмногу ужива во храната. Колку повеќе се грижите за него, толку повеќе ќе ви обрнува внимание.rn

Лав

rnНе можам да престанам да ти се воодушевувам! Никој не сака повеќе успех и внимание од Лавот. Ако тие комплименти се искрени, тогаш тој ќе ја обожува својата единствена кралица.rn

Девица

rnНемам трпение. Те молам помогни ми да разберам. Девиците се олицетворение на смиреноста и сакаат да ја анализираат секоја ситуација. Не постои проблем кој не можат да го решат, па затоа и ќе бидат уште посреќни кога ќе видат дека ви е потребна нивната помош.rn

Вага

rnСакам да го чујам твоето мислење. Вагите се најдобри партнери. Дајте им прилика да бидат дел од нешто важно во вашиот живот и веднаш ќе го забележите сјајот во нивните очи.rn

Скорпија

rnТи си единствениот со кого можам да зборувам за ова… Скорпиите ја ценат искреноста и почитувањето. Кога со нив ќе споделите некоја тајна, тогаш веднаш го освојувате и нивното срце, како и довербата.rn

Стрелец

rnЗошто да не заминеме некаде на краток одмор? Дури и кога патувањето не е испланирано за во блиска иднина, самата помисла на оваа прошетка ќе го стопли срцето на Стрелецот. Тој сака авантури, така што веднаш ќе го освоите со вашата желба.rn

Јарец

rnНикој не може да направи нешто повеќе од тебе! Јарецот поседува ретка комбинација од амбиција, трпение и одговорност. Малку ласкање упатено на негова сметка нема да го спречи да продолжи напорно да работи за доброто на својата среќа.rn

Водолија

rnМожеби ќе биде подобро да се обидеме на другиот начин? Слободоумните Водолии секогаш ќе најдат причина да бидат различни од толпата. Уверете го дека никој претходно не направил нешто такво и тој ќе биде само ваш.rn

Риби

rnКога сум со тебе се чувствувам многу подобро! Сочувствувањето и симпатиите секогаш одат рака под рака со Рибите. Дозволете му колку што може повеќе да ја чувствува емоционалната врска помеѓу вас и тој секогаш ќе најде сила да ве направи среќна.