Би сакале ли да се разбудите во спална во која пливаат рипки или пак во убав зимски снежен пејзаж? А што велите за поглед кон Ајфеловата кула во Париз директно од вашиот дом? Сите ваши соништа можат да станат реалност со тапетите од компанијата „Eazywallz“, кои ви овозможуваат да го разубавите вашиот свет, нудејќи неверојатно реалистични ѕидни тапети, кои изгледаат како некој убав поглед низ вашиот прозорец.

Тапетите на „Eazywallz“ се испечатени на високо-квалитететен, самолеплив материјал кој не се кине ниту тутка и личи на тенко платно за сликање. Дури и ако згрешите при лепењето, можете да го одлепите и да го репозиционирате повторно залепувајќи го, благодарение на силното лепило на тапетите, кое може да се користи повторно и повторно. Во дом со вакви тапети, најверојатно никогаш нема да ви биде здодевно да седите. 🙂









rnМожеби ќе ве интересира и: Модерни тапети за урбан амбиент или 10 кул црно-бели тапети.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
