КАФЕ ПАУЗА

Рецепт за здрави, енергетски коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Рецепт за здрави, енергетски коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!

Денес ви споделуваме евтин и супер здрав рецепт за енергетски коцки кои морате да го пробате!rnrnПодготовката е толку едноставна, а состојките што ги бара рецептот не само што се здрави, туку се и одлични сојузници во борбата за „фит“ тело.rnrnРецепт за здрави, енергетски коцки за кои ви се потребни само 3 состојки!rnrnВо оригиналниот рецепт се наведени суво грозје, бадеми и урми, додека сувото грозје можете да го замените со друго сушено овошје. Можете да додадете цимет, какао, парчиња темно чоколадо или кокос.rn

Здравствени придобивки од секоја состојка

rnСувото грозје го контролира гладот и ве прави сити подолго време. Преку консумирањето суво грозје се спречува прекумерното внесување на калории и се продолжува чувството на ситост.rnrnИ покрај тоа што може да го намали холестеролот, бадемите се одлична храна ако внимавате на линијата – ја намалуваат и желбата за храна, но и помагаат при градењето мускулна маса.rnrnУрмите претставуваат идеална закуска која ќе обезбеди доволно енергија за остатокот од денот, а поради есенцијалните хранливи материи кои се содржат во нив и поради можните позитивни ефекти врз здравјето, урмите може да се сметаат за речиси идеална храна!rn

Начин на подготовка:

rnКако што веќе рековме, подготовката на овие енергетски коцки е многу едноставна. Ставете ги сите три намирници во еднакви количини во блендер и оставете ја машината да работи околу 30 секунди. Потоа премачкајте ја смесата на пластична фолија и обликувајте по желба (коцки, топчиња, стапчиња). Чувајте ги во фрижидер и нема потреба да се грижите за рокот на употреба, бидејќи може да траат и до неколку недели.rnrnОткако го прочитавте нашиот денешен рецепт, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за домашни и здрави енергетски колачиња за оние кои се на диета.rnrnИзвор: atma.hr