10 работи кои вистинската дама никогаш нема да ги направи

10 работи кои вистинската дама никогаш нема да ги направи

Вистинската дама мора да се води според некои основни правила на однесување кои никогаш, ниту во сон нема да се осмели да ги прекрши. Честопати се зборува за карактеристиките кои еден маж го прават господин, но што е со женскиот пол? Добро знаеме дека секоја жена не е автоматски и дама. Тука не станува збор само за надворешниот изглед туку и за многу други одлики кои прават вистинските дами да се издвојат од толпата. Доколку сакате да бидете права дама, мора да ги примените следниве неколку правила…

10 работи кои вистинската дама никогаш нема да ги направи

1. Вистинските дами немаат нападни тетоважи на видливи делови од телото. Тоа за нив е интимна работа.

2. Вистинските дами секогаш се одѕиваат со „молам“, а не со „што е“.

3. Вистинските дами никогаш нема да запалат цигара на улица додека се во движење.

4. Вистинските дами секогаш се пристојно облечени. Во сите прилики изгледаат едноставно, но префинето.

5. Вистинските дами никогаш не се караат, особено не на јавно место. Нивниот став гласи: Караниците не решаваат ништо и не донесуваат ништо позитивно.

6. Вистинските дами никогаш не пцујат. Од права дама никогаш нема да чуете грд и навредлив збор. Тоа им е под чест.

7. Вистинските дами никогаш нема да си дозволат себеси да бидат во друштво на некултурни луѓе, без разлика дали станува збор за машки или женски личности.

8. Вистинската дама секогаш мириса убаво. Не нападно, туку пријатно и свежо.

9. Вистинската дама има гордо држење на телото. Исправениот грб и сигурниот став се одлики на секоја достоинствена жена.

10. Вистинската дама не носи многу накит. Суптилни обетки, тенок прстен и ненападен ѓердан оставаат впечаток на нежна и чувствителна жена.

Секако дека и од овие правила постојат исклучоци, особено кога се работи за изгледот. И девојка со тетоважи по целото тело може да биде поголема дама од некоја совршено средена жена, ако се однесува попристојно и попрефинето. Иако првиот впечаток што го оставате во голема мера зависи од надворешниот изглед, сепак за тоа каква слика луѓето ќе формираат за вас на подолгорочен план најмногу зависи од вашето однесување и начин на размислување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар