Во животот понекогаш се соочуваме со ситуации кои бараат да ја покажеме нашата храброст и бестрашност, но и онакви ситуации каде најдоброто решение ни изгледа како да е бегањето од проблемите. Изборите и одлуките кои ги носиме се должат на нашиот карактер и природа, па затоа карактеристиките на хороскопските знаци во кои сме родени можат многу да ни кажат за нашата склоност кон ризиците или желбата да го избереме безбедниот пат. Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак ги доживува ризичните ситуации.
rn
Овен
rnСо Овните владее Марс, планетата на акцијата и храброста, па затоа и луѓето родени во овој знак не знаат што е страв. Секој ризик за нив претставува нов предизвик, додека опасните ситуации во кои се наоѓаат само ја зголемуваат нивната самодоверба.rn
Бик
rnПрипадниците на овој знак обично се држат настрана од опасностите и ризиците и ги избегнуваат стресните ситуации. Најважната работа за нив е да уживаат во тоа што го сакаат, бидејќи нивниот владетел е Венера.rn
Близнаци
rnИако ги сакаат предизвиците, тие сепак можат да предвидат што може да се случи доколку западнат во една опасна ситуација и дали вреди да се ризикува или не. Со Близнаците владее Меркур, планетата на логиката.rn
Рак
rnРаковите се упорни и храбри, но ризикувањето не е нивната силна страна. Вниманието е мајката на мудроста, па затоа тие ги избегнуваат непотребните ризици и безобѕирни ситуации. Со нив владее месечината.rn
Лав
rnЛавот е еден од најхрабрите знаци со кои владее Сонцето, симболот на успехот. Тие се подготвени да го свртат целиот свет наопаку за да си ја постигнат целта. Луѓето не треба да ги имаат за непријатели.rn
Девица
rnДевиците ќе ризикуваат само кога знаат дека со тоа ќе исполнат некоја нивна цел. Како и со Близнаците, така и со нив владее Меркур, планетата на интелигенцијата и логиката, па тие мудро и внимателно ги избегнуваат ризичните ситуации.rn
Вага
rnТие веруваат дека е попаметно доколку ги избегнат ризиците, наместо да ги преземат. Не ги сакаат конфликтите, аргументите и скандалите и го користат своето заострено чувство за правда и дипломатија за да ја избегнат опасноста.rn
Скорпија
rnСо храбрите припадници на овој знак владеат Плутон и Марс, планетите на моќта и силата. Скорпиите ги обожаваат предизвиците и ризиците, и опасноста постои само за нив.rn
Стрелец
rnИако понекогаш премногу ризикуваат, тие брзо застануваат пак на нозе и повторно се подготвени да се соочат со новите предизвици. Тие не се плашат од промената и сѐ што е ново за нив е и возбудливо.rn
Јарец
rnТие не се плашат од опасноста, но избегнуваат да ризикуваат бидејќи со нивниот знак владее Сатурн – планетата на мудроста. Јарците веруваат дека секој треба да се бори за себе, без оглед на потенцијалните опасности и стресни ситуации.rn
Водолија
rnСо Водолиите владеат две планети – Сатурн, планетата на мудроста и Уран, планетата на промената. Затоа тие понекогаш ги сакаат ризиците и опасните ситуации кои ги забавуваат, но внимаваат бидејќи знаат дека некогаш можат да западнат во вистинска опасност.rn
Риби
rnСо Рибите владее Нептун, планетата на страста. Кога се соочуваат со опасните ситуации, Рибите, иако навидум изгледаат храбро и самоуверено, тие сепак претходно детално и внимателно ја анализираат ситуацијата пред да се впуштат во некаков ризик.

