Нашата перцепција за боите е определена од обичаите, традицијата и од самата природа. За повеќето бои ние веќе имаме развиено концепт во главата и ги поврзуваме со она на што нè асоцираат. Така на пример, црвената боја ја поврзуваме со страст или лутина, зелената со љубомора, белата со мир и среќа. Имајќи го тоа на ум, изборот на вашата денешна модна комбинација може многу да придонесе за подобрување на вашето расположение и за тоа каков впечаток оставате кај другите луѓе.rnrn
rn
Црвена
rnЦрвената боја отсекогаш била симбол на храброст и смелост. Црвената модна комбинација ќе ви ја зголеми самодовербата и ќе направи да се истакнете во толпата луѓе. На многу места во светот, црвената боја се смета за боја на недозволената страст и сексуалност. Тоа не важи за Индија каде традиционалниот невестински фустан е во црвена боја. Не можете да погрешите со класичната комбинација на црвено и црно. Но, можете да носите црвено и со бело или беж за да постигнете посуптилен ефект.rnrn
rn
Жолта
rnЖолтата е вистинска пролетна боја која предизвикува позитивни емоции и со чија помош ќе успеете да извлечете насмевка дури и од намуртените лица. Одлично стои во комбинација со различни модни додатоци и разиграни здолништа.rnrn
rn
Сина
rnСината има сосема спротивен ефект од црвената боја. Во физиолошка смисла, таа го намалува нашиот крвен притисок. Затоа, оваа боја е добра кога сакате да си ги смирите нервите пред некој важен состанок или едноставно да се опуштите по напорниот ден. Сината боја ќе ви помогне да се релаксирате и да оставите позитивен впечаток. Доколку се одлучите за потемни нијанси на сина, убаво е да разбиете монотонија со бела или други светли бои.rnrn
rn
Зелена
rnОваа боја истовремено смирува, но и дава енергија. Доколку сакате да ја истакнете зелената боја на вашата денешна модна комбинација, употребете додатоци во неутрална боја. Кога станува збор за помалку впечатлива нијанса на зелена, комбинирајте ја со накит или шешир во светла боја. За што и да се одлучите, внимавајте да не претерате!rnrn
rn
Виолетова
rnВиолетовата боја ќе направи да изгледате поискусно и посамоуверено. Затоа оваа боја е одличен избор ако се двоумите што да облечете за интервјуто за работа. Виолетовите додатоци прават младото лице да делува позрело. Исто така, виолетовата може да ја направи необична дури и најсекојдневната модна комбинација. Одлично оди со пастелни нијанси.rnrn
rn
Црна
rnОваа боја стои добро секому! Добро познато е дека црната боја прави да изгледате послаби. Облеката во црна боја може да има двоен ефект: Таа може да предизвика чувство на тага или на елеганција. За да бидете сигурни дека црната модна комбинација ќе направи да се чувствувате гламурозно, а не мрачно, ве советуваме да ја разбиете оваа темна боја со некој детаљ во светла боја.rnrn
rn
Портокалова
rnПортокаловата претставува комбинација од разиграноста на жолтата и сериозноста на црвената боја. Оваа боја се смета за одлична ако ви треба поттик да се активирате и да ја разбудите вашата креативност. Немојте да ја комбинирате со силни и нападни бои. Омекнете ја нејзината впечатливост со ладни, неутрални бои.rnrn