КАФЕ ПАУЗА

Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?

Мислите дека не сте фотогенични, па затоа и избегнувате да се фотографите и да поставувате селфи на социјалните мрежи? Трикот е во шминката, па благодарение на овие совети од модните блогерки вие без сомнение ќе изгледате неверојатно, исто како и славните холивудски ѕвезди. Време е за нова фотографија од вас на Инстаграм!rn

Одбирајте мат шминка

rn(1) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnАко користите мат шминка, а ја избегнувате онаа која сјае – вие без прашање ќе изгледате одлично пред блицовите на фотоапаратите. Исто така, имајте на ум дека е најдобро да се шминкате на природна светлина, бидејќи вештачката може да ве измами, па да делувате премногу нашминкано.rn

Секогаш користете ајлајнер

rn(2) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnИзбегнувајте ги течните пудри и користете ги оние во прав, со бледо жолтеникави нијанси. Кога знаете дека ќе следува фотографирање, нанесете црна маскара и ајлајнер, дури и ако немате навика да ги затемнувате очите. На овој начин значително ќе ги истакнете на фотографиите.rn

Не заборавајте на руменилото

rn(3) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnТоа е клучен фактор при неверојатниот изглед на фотографиите. Исто така имајте на ум дека нијансата е многу важна, па секогаш одбирајте кајсија боја или розова. И во овој случај мат нијансите се далеку подобри од сјајните, кои прават вашето лице да свети на фотографиите.rn

И хајлајтерот може да ви помогне

rn(4) Како со помош на шминката да изгледате совршено на фотографиите?rnrnНагласете ги оние делови од лицето до кои најчесто допира светлината – брадата, врвот на носот и челото. Исто така ставете капки за очи, со цел да ги освежите и тие да не изгледаат црвено на фотографиите.