Најдете време, желба и енергија и забавувајте се без услови и предрасуди заедно со вашиот партнер. Тоа ќе ве направи посреќни, ќе ја зацврсти вашата врска и ќе ви покаже дека навистина сте створени еден за друг. Играјте, смејте се и уживајте во заедничките излегувања бидејќи животот е убав.rnrn
rn
1. Забавите ви покажуваат дека животот не е само една долга листа со задачи
rnКога сте во долга врска, се навикнувате на некаква рутина и секојдневните животи ви се неизбежно дефинирани од одредени домашни обврски и обилни главоболки. Некогаш е важно да се опуштите за да се сетите дека животот не е само серија од докторски прегледи, патувања до пазар, будилници и останати фрустрации. Ако можете да најдете време помеѓу овие досадни работи и за малку забава, вашата врска ќе биде поцврста.rn
2. Пиењето заедно е многу подобро од пиењето сами
rnПостои причина зошто алкохолот е интегрален дел од секоја забава. Пиењето генерално води кон смеење и шеги кога сте опкружени со пријателите и личноста која ја сакате. Алкохолот ве ослободува да водите смешни разговори, да играте глупави игри и да одвреме-навреме да се однесувате будалесто. Освен ако не сте од оние агресивни или плачливи пијаници, пијанството може да биде основа за спомените на кои ќе може да се повикате секогаш кога нештата ќе станат пресериозни и ќе ви биде потребно добро да се насмеете.rn
3. Заедничкото трезнење води до див секс
rnНема сомнеж дека алкохолот нè ослободува од срамежливоста и дека генерално е добар за љубовниците кои се во долга врска. Експериментирањето во сексот е навистина интимен момент, а малку алкохол само ќе ви помогне да стигнете до таму.rn
4. Заедничкиот мамурлак е забавен
rnПринудната мрзливост е можност уште повеќе да се поврзете. Понекогаш е убаво цел ден да лежите во кревет и да гледате филмови, да јадете пица и да се жалите на ужасната главоболка. Мамурлакот може да биде навистина непријатен, но заедничкото искуство е бесценето.rn
5. Заедничкото забавување ве тера да излезете од удобната зона на врската
rnЕдна од предностите на сериозната врска е тоа што секогаш имате партнер за дружба. Лесно е скоро секоја вечер да останувате пред телевизорот и да гледате филмови со некој кој навистина ви се допаѓа. Но, не можете вечно да останете во удобната зона на врската, а да не си досадите еден на друг. Излегувањето ве тера да се социјализирате и да бидете поддршка еден за друг.rn
6. Заедничкото излегување ви дава чувство дека сте тим
rnДел од врската е и планирањето на вечерта. Додека се подготвувате за излегување барате совет за облекување и за тоа како изгледате. На пат кон дестинацијата разговарате што да очекувате и каде одите. Исто така е важно и да имате заедничка приказна во случај да се најдете во непријатна ситуација. Заедничкото излегување го зголемува чувството дека сте заедно. Дури и да сте поминале ужасна вечер, на пат кон дома ќе имате зошто да се насмеете заедно.rn
7. Привлечно е да го гледате партнерот како се справува во гужва
rnКолку подолго сте заедно, толку повеќе се навикнувате на вашиот партнер и неговото однесување кога сте сами, но истовремено заборавате како тој се однесува и справува кога разговара со други. Гледајќи го партнерот како ги забавува останатите луѓе на забавата со своите шеги и досетки е одличен начин да видите колку е тој или таа атрактивен/атрактивна и колку сте среќни што е само ваш/а.rn
8. Комплиментите за вашата втора половина ќе направат да блескате и вие
rnМожеби длабоко во срцето знаете дека сте со вистинската личност и дека не ви треба некој да ви го потврди тоа. Сепак, позитивни комплименти се секогаш добредојдени. Се чувствувате горди кога ќе слушнете од другите дека сте совршен пар, иако длабоко во себе веќе го знаевте тоа.rn
9. Исповедите за тоа што сте го виделе или слушнале
rnШтом се оддалечите од останатите гости, веднаш разменувате искуства и импресии за важни и неважни работи како тоа кој на забавата кажувал интересни работи, кој се однесувал како глупак, кој бил чуден и кој поставувал навредливи прашања.rn
10. Паровите кои танцуваат заедно, остануваат заедно
rnМожноста да ги тргнете настрана вашите проблеми и да се забавувате и покрај сè е потценета животна вештина и е подеднакво важна за личната среќа како и за благосостојбата во врската. Ако за момент можете да заборавите на вашите грижи и да го славите животот, ќе бидете позадоволни и посреќни. Среќните луѓе знаат да се забавуваат, исто како и среќните парови.