Како резултат на индустрискиот развој, сè почеста е злоупотребата на животните во производството. Иако денес постојат различни здруженија за нивна заштита, истребувањето на животинскиот свет продолжува. Според најголемата светска организација за зачувување на животните, оваа година загрозени животни се следниве:rnrn
1. Суматранскиот орангутан
rnОвој вид орангутан може да се најде само во Индонезија. Опстанокот на суматранскиот орангутан е доведен во прашање најмногу заради уништувањето на дрвјата, што претставува нивно природно живеалиште.
rn
2. Желка со мек оклоп (Leatherback Turtle)
rnВаквиот вид желки наместо тврд оклоп, имаат мека обвивка со која е покриено нивното тело. Може да се видат во Карипското море, Атлантскиот и Индискиот океан. Бројот на овој вид желки е значително намален поради нивното прекумерно ловење заради користење на нивните коски и поради уништување на нивното живеалиште.
rn
3. Тигар
rnНајновите истражувања посочуваат дека се останати само околу 3.200 тигри. Како најчеста причина за намалување на бројот на тигрите, се ловците и уништувањето на шумите.
rn
4. „Vaquita“ мал делфин
rnСе работи за специфичен вид мали делфини. Проценето е дека се останати само 150 видови во Мексиканскиот Залив. Овој вид делфини се на работ на исчезнување поради тоа што најчесто завршуваат во мрежите на риболовците.
rn
5. Јавански носорог
rnДенес јаванскиот носорог е критично загрозен, со 50 преживеани видови, иако во минатото бил најраспространетиот азиски носорог. Живеел од островите во Индонезија, преку југоисточна Азија, до Индија и Кина. Носорозите се убиваат најмногу заради нивните рогови.
rn
6. „Bluefin“ туна
rnОвие туни се најскапоцените риби, бидејќи од нивното месо се подготвува познатиот специјалитет суши. Но, поради претераното ловење, нивниот број е значително намален.
rn
7. Снежниот леопард
rnСнежниот леопард живее на Хималајските планини во Авганистан, Пакистан, Индија, Кина и Непал. Проценето е дека се останати од 4.000 до 65.00 леопарди.
rn
8. Планинската горила
rnКако резултат на напорите за зачувување на овој вид, бројката на планинската горила е зголемена. Се смета дека овие горили ги има околу 790.
rn
9. Азискиот слон
rnНајмногу заради недозволеното ловење, азискиот слон оваа година е сместен на листата на истребување.
rn
10. Делфинот „Irrawaddy“
rnОвој вид делфин живее во Лаос. Се проценува дека се останати околу 85 делфини. Најголема закана за нивно истребување, како и кај повеќето загрозени видови, се уништување на нивната природна околина и неконтролираното ловење.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
