КАФЕ ПАУЗА

8 работи што секогаш им се случуваат на луѓето кои се сингл подолго време

8 работи што секогаш им се случуваат на луѓето кои се сингл подолго време

Не можете да се сетите кога последен пат сте биле во врска. Не сте биле дури ни на љубовен состанок во последните неколку месеци. Без разлика дали сте премногу зафатени или сте решиле да ја чекате вистинската љубов, доколку сте сингл подолго време, сигурно ви се случуваат следниве 8 работи…rnrn8 работи што секогаш им се случуваат на луѓето кои се сингл подолго времеrn

1. Постојано се премислувате околу тоа како се чувствувате во врска со вашиот статус сингл

rnВи требало некое време за да почнете да ја цените слободата што ја нуди статусот сингл. Сте станале силни, независни и не ви треба никој друг, особено откако сте виделе колку лоши може да бидат врските. Сепак, одвреме-навреме посакувате да имате некого со кого ќе можете да си лежите и да си гледате филмови.rn

2. Сте заборавиле како да флертувате

rnКога луѓето ќе ви кажат дека им се допаѓате, веднаш се сомневате во нивните мотиви. Флертувањето ви се чини како невозможна математичка равенка што никогаш нема да ја решите.rn

3. Не ви пречи тоа што „им светите“ на некои парови, дури и уживате во тоа

rnЗнаете дека не можете да седите дома цело време, па затоа се дружите со вашиот омилен пар. Воопшто не ви пречи тоа што сте вишок, дури и уживате во заедничките излегувања.rn

4. Кога ви се допаѓа некој, почнувате да си правите секакви сценарија во глава

rnРазговорите преку пораки ви предизвикуваат голема анксиозност, бидејќи постојано се обидувате да откриете што мисли вашата симпатија. Ги анализирате вашите реченици по 100 пати за да се погрижите дека не ви се провлекла ниту една граматичка грешка, иако знаете дека тоа не е воопшто важно. Кога судбоносните три точки конечно ќе се појават, чекате како да седите на шилци. А да не почнеме да зборуваме за тоа кога треба да одлучите каков емотикон да ставите.rnrn8 работи што секогаш им се случуваат на луѓето кои се сингл подолго времеrn

5. Забележувате дека вашите пријатели се откажуваат од помислата дека ќе си најдете партнер

rnВеднаш ги одбивате сите покани за љубовни состаноци. Не сакате да си го губите времето на некој идиот или идиотка кои и онака сигурно ќе ве изневерат.rn

6. Секогаш ги превртувате очите кога ќе забележите нешто љубовно

rnПовеќе не поминувате време на социјалните мрежи, бидејќи оваа навика ви станала премногу напорна. Сите се венчаваат или забременуваат, што е ужасно и вие немате време за такво нешто.rn

7. Проверката на хороскопот е вашиот дневен ритуал

rnПочнувате да мислите дека можеби ѕвездите се виновни за вашиот сингл статус. Рибите ја занемаруваат својата среќа затоа што премногу се грижат за среќата на другите. Скорпиите се преголеми скептици кога станува збор за љубовта. Вагите мислат дека не заслужуваат љубов. Покрај сите овие предвидувања, вината за вашиот љубовен живот сигурно не е ваша!rn

8. Сте се откриле себеси, а тоа е прекрасно

rnНекои работи треба да ги направите сами. Сега, кога конечно сте дознале кои сте, сфаќате дека не ви треба никој друг во животот. Но, можеби сакате да го споделите животот со некого. Можеби…rnrnДоколку сте сингл подолго време, прочитајте зошто чекањето вистинска љубов ќе ве направи посилни, а не поосамени.