Научниците се чекор поблиску до создавањето човечки срца

Научниците се чекор поблиску до создавањето човечки срца

Колку поинаку би се одвивале работите ако никој не го напушта светот на живите додека чека за трансплантација на неговите болни органи. Наместо да чека со месеци, замислете колку би било полесно кога клетките на пациентот би можеле да бидат искористени во создавањето на еден сосема нов и здрав орган во рок од само неколку недели, без никаква шанса од одбивање на истиот. Можеби звучи како научна фантастика, но истражувачите направиле голем напредок во правењето на оваа невозможна мисија во реалност, создавајќи ново, функционално човечко срце со помош на матични клетки.

Научниците се чекор поблиску до создавањето човечки срца

Достигнувањето, кое детално е опишано во „Дневникот за теренски циркулации“, еден ден ќе може да даде надеж на илјадници луѓе низ светот кои умираат бидејќи не добиле трансплантација на срце поради невозможноста да се пронајде соодветен орган. Техниката сѐ уште ќе вклучува дарител, но клучната разлика е тоа што секое срце ќе одговара. За да се направи повторно здраво, срцето се мие со посебен детергент кој ги чисти сите клетки од органот, заедно со сѐ друго што може телото на реципиентот да го одбие. Она што останува е една протеинска структура која служи како гнездо за матичните клетки кои ќе прераснат во едно ново срце. За процесот да биде целосно завршен се потребни две недели во кои срцето се чува во инкубатор и на кое потоа му се дава електричен шок кој ќе овозможи да започне повторно да пумпа.

Убавината на оваа техника е тоа што таа не е ограничена само на срца. Претходните истражувања покажаа сличен успех и со бубрези, трахеи и ткивото на црниот дроб. Сепак, научниците сѐ уште се соочуваат со бројни предизвици и недостатоци кои секојдневно се обидуваат да ги поправат. Еден проблем е бројот на матичните клетки. За сите 73 срца користени за оваа студија се употребени 500 милиони матични клетки, но за да можат тие срца да бидат подготвени да работат во едно човечко тело, потребни се милијарди матични клетки. За жал, нивната достапност е регулирана од владата, па научниците за истражувањето биле принудени да создадат свои клетки користејќи ги клетките од кожата, што во никој случај не е идеално сценарио.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар